ЗАКОН ЗА AУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ КОНСОЛИДИРАН ТЕКСТ 1 I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет на Законот Со овој закон се уредуваат правата, обврските и одговорноста на радиодифузерите, давателите на аудиовизуелните медиумски услуги по барање и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи кои ги емитуваат или реемитуваат програмските сервиси на радиодифузерите. Член 2 Цели на Законот Целта на овој закон е во Република Македонија особено да се обезбеди: - развој на аудио и и аудиовизуелните медиумски услуги, - промовирање на слободата на изразување, - развој на независната продукција, - поттикнување, унапредување и заштита на културниот идентитет, јазикот и традицијата на заедниците во Република Македонија, почитување на културните и религиозните разлики, поттикнување на културата на јавен дијалог меѓу граѓаните со цел да се зацврстува заемното разбирање и толеранција за унапредување на односите меѓу различните заедници, - поттикнување на творештвото, образовниот и научниот развој, - заштита на интересите на корисниците особено на малолетните лица, - развој на медиумската писменост, - транспарентен, независен, ефикасен и отчетен јавен радиодифузен сервис, - транспарентно, независно, ефикасно и отчетно регулаторно тело во областа на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, - техничко-технолошки развој на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, конвергенција со електронските комуникации и услугите на информатичко општество, - поттикнување и развој на конкуренцијата во аудио и аудиовизуелните медиумски услуги и реемитувањето на програмски сервиси преку јавни електронски комуникациски мрежи и - развој на економијата во Република Македонија. Член 3 Дефиниции Одделни изрази, во смисла на во овој закон, го имаат следново значење: 1. Аудио или аудиовизуелна медиумска услуга е: а) услуга која ја обезбедува давател на аудио или аудиовизуелна медиумска услуга и која опфаќа каква било форма на економска активност чија примарна цел е обезбедување на аудио или аудиовизуелни програми за да се информира, забавува и/или образува пошироката јавност преку електронски комуникациски мрежи и

Select target paragraph3