Член 103
Врематраење на рекламирањето кај јавниот радиодифузен сервис
(1) Времетраењето на рекламирањето кај јавниот радиодифузен сервис не може да изнесува
повеќе од 8 минути од времето на емитување во текот на еден реален час.
(2) Одредбата од ставот (1) на овој член не се однесува на:
- објави на радиодифузерот во врска со неговите сопствени програми и помошни производи
директно изведени од тие програми и објави за спонзорство и пласирање на производи и
- соопштенија од јавен интерес и апели за добротворни цели што радиодифузерите ќе ги
емитуваат бесплатно и ќе ги означат како „бесплатно емитување“.
(3) Јавниот радиодифузен сервис за емитување на реклами може да ги прекинува само играната,
спортската и забавната програма.
(4) На јавниот радиодифузен сервис не му е дозволено рекламирање во периодот од 17,00 до
21,00 часот на телевизиските програмски сервиси и од 9,00 до 14,00 часот на радио
програмските сервиси, освен во преноси и интегрални снимки на спортски натпревари, програма
од сопствена продукција, друга програма произведена во Република Македонија, културни
манифестации и настани од големо значење утврдени согласно со овој закон.
VI. ЈАВЕН РАДИОДИФУЗЕН СЕРВИС
Член 104
Македонска радио-телевизија
(1) Функциите на јавен радиодифузен сервис во Република Македонија ги врши Македонската
радио-телевизија ( во натамошниот текст: МРТ).
(2) Република Македонија е основач на МРТ и истата има статус на јавно претпријатие и работи
на начин и под услови утврдени со овој закон и актите донесени врз основа на него.
(3) МРТ како јавен радиодифузен сервис во Република Македонија е независна од кој било
државен орган, друго јавно правно лице или трговско друштво и треба во уредувачката и
деловната политика да биде непристрасна кон нив.
(4) МРТ врши дејност од јавен интерес во областа на радиодифузијата во Република Македонија
што опфаќа производство и обезбедување на радио и телевизиски програми и програмски
сервиси согласно со членот 107 од овој закон преку исполнување на програмски обврски,
стандарди и начела согласно со членовите 91, 92, 110 и 111 од овој закон.
(5) МРТ има седиште во Скопје.
(6) МРТ основа регионални продукциони центри.
(7) Скратениот назив на Македонската радио-телевизија е МРТ.
(8) Имотот и средствата за работа на МРТ ги користи и со нив управува МРТ на начин и под
услови утврдени со овој закон.
Seleccionar párrafo de destino3
Conectar a un párrafo
Connect to an entity
Disable highlights
Añadir a la tabla de contenidos