Стр. 2 - Бр. 251
22 ноември 2022
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА
3669.
Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот
на Република Северна Македонија, претседателот на
Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
УКАЗ
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАЃАНСКА ОДГОВОРНОСТ ЗА НАВРЕДА
И КЛЕВЕТА (*)
Се прогласува Законот за граѓанска одговорност за
навреда и клевета (*),
што Собранието на Република Северна Македонија
го донесе на седницата одржана на 17 ноември 2022 година.
Член 4
(1) Надоместувањето на штетата на физичко или
правно лице, како и судската постапка за надоместување на штетата се засновани врз начелото на законитост, правичност и пропорционалност во определувањето на правните последици на утврдената одговорност за повреда на угледот и честа предизвикана со
навреда или клевета.
(2) Во постапката на утврдување на одговорноста за
повреда на угледот и честа предизвикана со навреда и
клевета и надоместување на штетата се применуваат
одредбите на Законот за облигационите односи, Законот за парничната постапка и Законот за обезбедување
на побарувањата, ако со овој закон поинаку не е определено.
Значење на законските изрази
Член 1
Со овој закон се уредува граѓанската одговорност
за штета нанесена на честа и угледот на физичко или
правно лице со навреда и клевета.
Член 5
(1) Како носител на јавна функција се смета службено, воено, одговорно лице во правно лице или лице
кое врши работи од јавен интерес, според значење на
овие изрази определени со Кривичниот законик.
(2) Какo подрачја и прашања на јавен интерес особено се сметаат: сите облици, институции и активности
на вршење на државна власт и јавни институции, локалната самоуправа, општествените дејности како
здравството, културата, уметностите, образованието,
науката, спортот, средствата за јавно информирање,
правниот систем и примената на правото и економскиот систем и економските односи и животната средина.
(3) Како профе��ионални правила на новинарската
професија се сметаат правилата за прибирање, анализа
и публикување на информации утврдени од професионалната организација на новинаритe, во согласност со
етичките принципи на меѓународната федерација на
новинари.
(4) Како штета се смета материјална и нематеријална штета предизвикана на физичко или правно лице со
навреда или клевета.
Основни начела
2. Одговорност за навреда и клевета
Член 2
(1) Законот ја гарантира слободата на изразување и
информирање како неприкосновена демократска вредност и една од основните права и слободи на граѓанинот согласно со Уставот на Република Северна Македонија.
(2) Ограничувањата на слободата на изразување и
информирање законски се уредуваат со определување
на стриктни услови за граѓанска одговорност за навреда и клевета, во согласност со Европската конвенција
за заштита на човековите права и основните слободи
(член 10) и практиката на Европскиот суд за човекови
права.
Одговорност за навреда
Бр. 08-4796/1
17 ноември 2022 година
Скопје
Претседател на Република
Северна Македонија,
Стево Пендаровски, с.р.
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
ЗАКОН
ЗА ГРАЃАНСКА ОДГОВОРНОСТ ЗА НАВРЕДА И
КЛЕВЕТА (*)
1. Општи одредби
Цел и содржина на законот
Член 3
Ако судот со примена на одредбите од овој закон
не може да реши определено прашање поврзано со утврдувањето на одговорноста за навреда или клевета
или смета дека постои законска празнина или судир на
одредбите на овој закон со Европската конвенција за
заштита на основните човекови права, врз начелото на
нејзино предимство над домашното право ќе ги примени одредбите на Европската конвенција за заштита на
основните човекови права и становиштата на Европскиот суд за човекови права содржани во неговите пресуди.
Со овој закон се врши усогласување со Директивата 2010/13/ЕУ
за аудиовизуелни медиумски услуги CELEX број 32004L0080
Член 6
(1) За навреда одговара тој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг
начин ќе изрази за друг со утврден или недвосмислено
очевиден идентитет омаловажувачко или понижувачко
тврдење, со кое се повредува неговата чест и углед.
(2) Одговорност за навреда постои и ако со такво
дејствие се омаловажува угледот и честа на група лица,
умрено лице или правно лице.
(3) За навреда сторена преку средства за информирање на кои се објавуваат содржини на начин достапен
за јавноста, можат да одговараат авторoт, уредникот
или лицето кое го заменува и правното лице како издавач. Ако средството за информирање нема уредник или
лице кое го заменува, одговара физичкото лице или
правното лице сопственик на средството за информирање.
(4) За случаите од ставот (3) на овој член, тужителот при поднесувањето на тужбата е слободен да одлучи против кое од лицата од ставот (3) на овој член ќе
поднесе тужба за утврдување одговорност и надоместување на штета за навреда.
(5) За навреда сторена од новинар одговараат и
уредникот или лицето кое го заменува во средството за
информирање и правното лице што го издава средството за информирање, врз начелото на претпоставена одговорност.
Sélectionner le paragraphe cible3
Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières