Стр. 16 - Бр. 251 22 ноември 2022 Огласи 2.3. Услови за давање под закуп: Просторот на издавање под закуп назначен во точка 2.1 се издаваат под следниве услови: - Закупецот не може да ја промени дејноста за која се издава закупот, не може да го издава просторот во подзакуп и не може да припојува други основачи. - Трошоците за инвестиции паѓаат на товар на закупецот и кон истите може да се пристапи со претходно писмено одобрение од ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш. - Во случај на дефект во просторот издаден под закуп, трошоците за отстранување на дефектот ќе ги сноси закупецот на просторот. - Закупецот се обврзува плаќањето на закупнината да биде месечно по добивањето на фактурата од ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш најдоцна до 15-ти наредниот месец за тековниот месец. - Во случај на згаснување на здравствената установа или неможност за подмирување на закупнината, обврските ги превзема основачот на ПЗУ. 3. ПРАВО НА УЧЕСТВО 3.1. Право на учество на јавно наддавање имаат: - Физички лица доктори по општа медицина а кои ги исполнуваат условите пропишани со Законот за здравствена заштита, да имаат завршено високо образование (VII/1 или VII/2 степен) Медицински факултет и да имаат соодветна лиценца за работа. - Правни лица, приватни здравствени установи основани и регистрирани за вршење на здравствена дејност од соодветна област, кои ќе достават пријава во која е содржана Изјава дека ѓи прифакаат условите од точка 2, документација од точка 4.1 од овој оглас, на адреса на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш ул. „Б��аже Коневски“ бр. 1, Радовиш најдоцна до 2.12.2022 година до 14:00 часот. 3.2. Депозит – право на учество на јавно наддавање имаат само лицата кои ќе достават доказ уплатница дека на јавното наддавање уплатиле депозит за учество во јавно наддавање во висина на износот наведен во колона 3 табела 1 на трезорска сметка на ФЗОМ и тоа: Банка на примачот: НБРМ, Сметка 100000000066005, сметка на корисник: 6602200032 531 56, приходна шифра и програма 723911 00, со цел на дознака „депозит за учество на јавно наддавање за закуп на простор за Ординација по општа медицина“. 3.3. Уплатата извршена спротивно на точка 3.2 се смета за ненавремена и лицата кои не ја извршиле навремено уплатата и не доставиле пријава согласно со точка 3.1 немаат право на учество на јавно наддавање. 3.4. Уплатениот паричен депозит од најповолниот наддавач се смета во закупнината. ЊЕ 4. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНО НАДДАВА- 4.1. Заинтересираните лица треба да поднесат пријава за учество на јавно наддавање, во рокот утврден во точка 3.1, во затворен плик со ознака за јавно наддавање за закуп на простор и опрема точка 1 – Ординација по општа медицина во ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш. Образецот за пријава може да се подигне во Архивата на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш секој работен ден од 8:00 до 14:00 часот. Со самата пријава заинтересираните лица треба да достават: ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА - Доказ за уплата на депозит - Изјава дека ги прифаќаат условите од точка 2.3. од Огласот; - Фотокопија од важечка лична карта /пасош; - Доказ за завршено образование оригинал или заверено на нотар; - Лиценца за работа оригинал или заверена на нотар; - Уредно полномошно за застапување во случај на учество преку полномошник ЗА ПРАВНИ ЛИЦА - Доказ за уплата на депозит; - Изјава дека ги прифаќаат условите од точка 2.3. од Огласот; - Доказ за регистрација за правно лице од Централниот регистар на Република Северна Македонија (не постар од шест месеци); - Решение со кое се дава дозвола за почнување со работа на здравствената установа од Министерството за здравство на Република Северна Македонија; - Уредно полномошно за застапување во случај на учество преку полномошник. 5. ДЕН, ЧАС И МЕСТО НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ Усното јавно наддавање ќе се оддржи во просториите на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, со седиште на ул. „Блаже Коневски“ бр. 1, на 5.12.2022 година во 10:00 часот. 6. ПОСТАПКА ЗА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ 6.1. Постапката за јавно наддавање ја споредува Комисијата за располагање со недвижни движни ствари на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш. На денот на јавното наддавање, може да учествува само физичко лице односно овластено лице на ПЗУ кои ги исполнува условите за Огласот и на чие име гласи уплатениот депозит. Учесниците својот легитимитет за учество во наддавањето го потврдуваат со важачка лична исправа и уредено полномошно за полномошниците. 6.2. Јавното наддавање започнува со јавно соопштување на почетната цена утврдена во колона 3 табела 1 од Огласот. 6.3. Наддавањето се врши „чекорно“ со зголемување на вредноста со секој чекор, за износ не помал од 1000 денари. 6.4. Учесникот во наддавањето кој понудил највисока цена која и по трипати соопштена не е наддадена од друг учесник, се стекнува со статус најповолен наддавач. 6.5. Кога на јавното наддавање за давање под закуп на просторот се јави само еден наддавач, кој ги прифаќа условите од огласот и го наддаде почетниот износ, единствениот наддавач стекнува статус на најповолен наддавач, со кој се склучува договор за закуп на простор. 6.6. По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од пет работни дена по извршената уплата на закупнината на просторот, јавната здравствена установа склучува договор за закуп на недвижните ствари. На договорот за закуп на недвижните ствари соодветно се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи. 6.7. На учесниците во наддавањето што не добиле статус на најповолен наддавач, средствата уплатени како депозит ќе им бидат вратени во рок од 8 дена од денот на јавното наддавање. 6.8. Кога најповолниот наддавач не пристапи кон склучување, односно не склучи договор за закуп, во рок од 15 дена од денот кога најповолниот наддавач требал да го склучи договорот, следно рангираните по редослед наддавачи што ги исполниле условите и го наддале почетниот износ, стекнуваат статус на најповолен наддавач и можат да пристапат кон склучување на договорот.

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières