Промена на содржина во постапка на уредничка обработка
Член 13
1 Содржината чија смисла е во значителна мера променета во постапката на уредничка обработка
не смее да се објавува под името на авторот без негова согласност.
2 За содржината објавена спротивно на ставот 1 на овој член одговара одговорниот уредник.
3 Доколку со содржината објавена спротивно на ставот 1 на овој член авторот смета дека му е
нарушен угледот, истиот има право на надоместок на штета согласно со закон.
Импресум
Член 14
1 Издавачот на медиум е должен на видно место за секој поединечен носител на содржина (на
пример примерок од печатен медиум, и телевизиска емисија) да обезбеди објавување на следниве
податоци:
- назив и адреса на седиштето и уредништвото на издавачот на медиум,
- име на одговорното лице на издавачот на медиум,
- име и презиме на одговорниот уредник, односно уредниците во согласност со внатрешната
организација на уредништвото и
- назив и адреса на печатницата и датумот на печатење или препечатување, како и бројот на
печатени примероци, кога се работи за печатен медиум.
2 За радиодифузери обврската од ставот 1 на овој член се применува на тој начин што податоците
се објавуваат на почеток или на крајот на аудио/аудиовизуелните програми.
3 Издавачот на медиум е должен на соодветно место за секоја содржина да ги објави следниве
податоци:
- име и презиме на авторот на објавениот прилог,
- име и презиме на лицето, односно фирм��та носител на авторски права за објавените содржини,
освен во печатениот медиум и радио програмите,
- датум на продукцијата (месец и година) кога се работи за аудио/аудиовизуелно дело,
- потекло на аудио/аудиовизуелното дело, а доколку делото е создадено од независна продукција
и информација за истото,
- името на правното, односно името и презимето на лицето кое го чува користеното културно
добро или архивско дело, односно соодветната репродукција и
- името на издавачот на медиум од кој е преземен програмскиот прилог или исечок од
програмскиот прилог, освен ако со меѓусебен договор поинаку не е уредено.
Јавност во работата на издавачите на медиуми
Член 15
1 Радиодифузерите се должни до 31 март во тековната година на посебен образец пропишан од
страна на надлежното регулаторно тело да му достават податоци за:
Центар за развој на медиуми
Ул. Македонија бр. 11/1-5, 1000 Скопје
Тел/факс: +389 2 3136 340
www.mdc.org.mk
Sélectionner le paragraphe cible3
Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières