22 ноември 2022
Надоместување на штетата за навреда
Член 15
(1) Надоместување на нематеријална штета за навреда се досудува само ако сторителот на навредата не
се извинил и јавно не ја повлекол навредливата изјава
или содржина.
(2) Висината на справедливиот паричен надоместок
на нематеријална штета треба да биде пропорционален
со штетата нанесена на угледот и честа на оштетениот
и при неговото одредување судот треба да ги земе
предвид сите околности на случајот, посебно околностите од членовите 12 и 13 од овој закон, како и имотната состојба на тужениот.
(3) Надоместувањето на материјална штета може да
се состои во парично надоместување на обичната штета и на изгубената корист.
(4) Заради намалување на надоместокот на нематеријална штета, тужениот може да докажува дека се извинил, понудил извинување или на друг начин направил сериозен обид да ги отстрани штетните последици
на навредата.
(5) Заради отстранување на идни последици од штетата, сторителот е должен да ја отстрани навредливата
изјава или содржина од средството за информирање.
Надоместување на штетата за клевета
Член 16
(1) Надоместувањето треба да биде пропорционално со предизвиканата штета и да ја опфаќа нематеријалната штета предизвикана со повреда на честа и угледот на оштетениот, како и материјална штета што ги
опфаќа обичната штета и изгубена корист.
(2) При одредување на износот на справедливиот
паричен надоместок, односно паричниот надоместок
на материјалната штета, судот треба да ги земе предвид сите околности на случајот, особено околностите
од членовите 12 и 13 од овој закон, како и имотната
состојба на тужениот.
(3) Како посебни околности судот ќе ги земе предвид околностите што упатуваат на остварување од тужениот на материјална или друга корист со причинувањето на штетата.
(4) Заради намалување на штетата, тужениот може
да докажува дека се извинил, понудил извинување или
на друг начин направил сериозен обид да ги отстрани
штетните последици на клеветата.
(5) Заради отстранување на идни последици од штетата, сторителот е должен да ја отстрани клеветничката
изјава или содржина од средството за информирање.
Член 17
Судот при определувањето на висината на надоместокот на справедливиот паричен надоместок на нематеријална штета во смисла на овој закон ќе ги има предвид одредбите од Законот за облигационите односи.
Член 18
(1) Судот не може да досуди како надоместување
на нематеријална штета предизвикана со навреда или
клевета од новинар во вршење на новинарска професија, справедлив паричен надоместок во износ поголем
од 400 евра во денарска противвредност.
(2) Судот не може да досуди како надоместување
на нематеријална штета предизвикана со навреда или
клевета од уредник или лицето кое го заменува, справедлив паричен надоместок во износ поголем од 2.000
евра во денарска противвредност.
Бр. 251 - Стр. 5
(3) Судот не може да досуди како надоместување
на нематеријална штета предизвикана со навреда или
клевета од правно лице справедлив паричен надоместок во износ поголем од 5.000 евра во денарска противвредност.
(4) Износите од ставовите (1), (2) и (3) на овој член
кои се изразени во евра се пресметуваат според средниот курс на Народната банка на Република Северна
Македонија на денот на исплатата на надоместокот.
Објавување на судската пресуда
Член 19
Изреката на пресудата со која се утврдува одговорност за навреда или клевета судот може да нареди да се
објави на барање на тужителот и според оцена на судот, во еден дневен весник, на трошок на тужениот на
простор не помал од една осмина од страницата од
првата до петтата страница од печатеното средството
за информирање.
4. Постапка за утврдување на одговорност и
надоместување на штетата
Поведување на постапката
Член 20
(1) Постапката се поведува со тужба за утврдување
на одговорност и надоместување на штета за навреда
или клевета, поднесена од оштетеното физичко или
правно лице или неговиот законски застапник или старател.
(2) Ако оштетениот е дете, овластен за поднесување
тужба е неговиот родител или старател.
(3) Ако навредата или клеветата е сторена спрема
умрено лице, овластени за поднесување тужба се неговиот брачен другар, децата, родителите, браќата или
сестрите, посвоителот, посвоеникот или друго лице со
кое умреното лице живеело во заедничко домаќинство,
ако со навредата или клеветата е нанесена штета на
нивната чест и углед.
(4) Лице кое врши јавна функција, оштетено со навреда или клевета, може да се појави како тужител само
во неговото лично својство на физичко лице.
Рок за поднесување на тужба
Член 21
(1) Рокот за поднесување на тужба според одредбите од овој закон е три месеци од денот кога тужителот
дознал или требало да дознае за навредата или клеветата и за идентитетот на лицето кое ја предизвикало штетата, но не подоцна од една година од денот кога истите се сторени пред трето лице.
(2) Ако тужителот умре по започнувањето, но пред
завршувањето на постапката со правосилна одлука, неговиот наследник може да ја продолжи постапката во
име на умрениот, ако поднесе барање за продолжување
на постапката најдоцна во рок од три месеци од смртта
на тужителот.
Надлежен суд
Член 22
(1) Надлежен суд за водење на постапката за надоместување на штетата е стварно надлежниот основен
суд според местото на извршување на навредата или
клеветата и судот на чие подрачје настапила штетната
последица.
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents