(2) Административниот надзор од ставот (1) на овој член го вршат вработени во стручната
служба на Агенцијата согласно со актот за систематизација на работите и задачите во стручната
служба на Агенцијата.
(3) За секој извршен административен надзор се составува писмен извештај кој се доставува до
директорот на Агенцијата во рок од три дена од денот на извршениот административен надзор.
(4) Доколку со административниот надзор е констатирана повреда или прекршување писмениот
извештај содржи и предлог на мерка согласно со овој и друг закон.
Член 30
Надлежност за вршење на стручен надзор
(1) Стручен надзор се врши на радиодифузери од страна на лица вработени во стручната служба
на Агенцијата овластени за тоа од директорот на Агенцијата (во натамошниот текст: овластеното
лице), а само заради утврдување на исполнувањето на техничките, просторните и кадровските
услови во согласност со барањето за добивање на дозвола за телевизиско или радио емитување.
(2) Стручниот надзор од ставот (1) на овој член се врши само во рок од 30 дена од истекот на
триесетиот ден од денот на започнувањето со вршење на дејноста утврден во дозволата за
телевизиско или радио емитување, како и при промена на локацијата на просториите во кои се
произведува програма (студија) или при проширување со нови студиски простории.
Член 31
Овластено лице за вршење на стручен надзор
(1) За овластено лице може да биде назначен вработен во стручната служба на Агенцијата кое
има високо образование, со најмалку три години работно искуство во струката.
(2) Агенцијата на овластеното лице му издава службена легитимација која му служи за
докажување на неговото службено својство и која е должен да ја покаже при вршењето на
надзорот.
(3) Формата и с��држината на службената легитимација од ставот (2) на овој член и начинот на
издавање и одземање се утврдува со подзаконски акт.
Член 32
Постапка за стручен надзор
(1) Агенцијата е должна писмено да го извести радиодифузерот за почетокот на стручниот
надзор кој не може да се изврши во рок пократок од седум дена од денот на доставувањето на
писменото известување. Во писменото известување Агенцијата е должна да даде образложение
за причините за вршење на стручен надзор.
(2) За извршениот стручен надзор овластеното лице составува записник кој го дава на
радиодифузерот на потпис, а во случај радиодифузерот да одбие да го потпише записникот,
овластеното лице во записникот ќе ги наведе причините за одбивањето.
(3) Кога поради обемот и сложеноста на стручниот надзор, неговата природа и околности не е
можно да се состави записник во текот на вршењето на стручен надзор, записникот се составува
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents