22 ноември 2022
Член 3
Заемот од членот 1 од овој закон се доделува во две
транши. Првата транша е во износ од 47.500.000 евра, а
втората транша е во износ од 7.500.000 евра.
Рокот за отплата на првата транша од заемот е 15
години, со вклучен грејс-период од четири години.
Првата транша од заемот ќе се отплаќа на 22 полугодишни рати, на 20 април и на 20 октомври секоја година, започнувајќи од првиот датум од навршување на
четвртата година од склучување на Договорот за заем.
Рокот за отплата на втората транша од заемот е 15
години, со вклучен грејс-период од четири години.
Втората транша од заемот ќе се отплаќа на 22 полугодишни рати, на 20 април и на 20 октомври секоја година, започнувајќи од првиот датум од навршување на
четвртата година од денот на достапноста за користење
на втората транша.
Каматната стапка е варијабилна и се состои од
шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1%.
Република Северна Македонија ќе ѝ плати на Европската банка за обнова и развој еднократна провизија во висина од 1% од износот на првата транша во рок
од седум дена од денот на ефективност на траншата.
Република Северна Македонија ќе ѝ плати на Европската банка за обнова и развој еднократна провизија во висина од 1% од износот на втората транша во
рок од седум дена од денот на достапноста за користење на втората транша.
Република Северна Македонија ќе ѝ плаќа на Европската банка за обнова и развој провизија за неповлечени средства во висина од 0,5% од заемот на годишно ниво.
Провизијата за неповлечени средства за првата
транша ќе започне да се пресметува по 60 дена од денот на потпишувањето на Договорот за заем од членот
2 од овој закон.
Провизијата за неповлечени средства за втората
транша ќе започне да се пресметува по 60 дена од денот на достапноста за користењето на втората транша.
Член 4
Проектот од членот 1 од овој закон ќе го имплементира Министерството за животна средина и просторно
планирање.
Член 5
За реализација на проектот од членот 1 од овој закон, Министерството за животна средина и просторно
планирање ќе склучи Проектен договор со Европската
банка за обнова и развој.
Член 6
Република Северна Македонија заемот од членот 1
од овој закон ќе го отплаќа од Буџетот на Република
Северна Македонија.
Член 7
Прометот на добра и услуги извршен кон Министерството за животна средина и просторно планирање,
наменети за реализација на Регионалниот проект за
цврст отпад, финансиран со Договорот за заем од членот 2 од овој закон е ослободен од данок на додадена
вредност со право на одбивка на претходниот данок.
Увозот на добра/стоки извршен од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, наменети за Регионалниот проект за цврст отпад,
финансиран со Договорот за заем од членот 2 од овој
закон е ослободен од данок на додадена вредност,
увозни давачки и акциза на енергенти и данок на моторни возила за патнички автомобили.
Бр. 251 - Стр. 11
За прометот кој е извршен кон Министерството за
животна средина и просторно планирање, наменет за
реализација на Регионалниот проект за цврст отпад,
финансиран со Договорот за заем од членот 2 од овој
закон, за кој истиот е даночен должник согласно со
членот 32 точка 4 и членот 32-а од Законот за данокот
на додадена вредност е ослободен од обврската да
пресмета и да плати данок на додадена вредност.
Прометот на добра и услуги извршен кон избраниот
изведувач од страна на Министерството за животна
средина и просторно планирање, кој ќе ги врши договорните работи наменети за реализација на Регионалниот проект за цврст отпад, финансиран со Договорот
за заем од членот 2 од овој закон е ослободен од данок
на додадена вредност со право на одбивка на претходниот данок.
Увозот на добра/стоки извршен од избраниот изведувач од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, наменети за Регионалниот
проект за цврст отпад, финансиран со Договорот за заем од членот 2 од овој закон е ослободен од данок на
додадена вредност, увозни давачки и акциза на енергенти и данок на моторни возила за патнички автомобили.
За прометот кој е извршен кон избраниот изведувач
од страна на Министерството за животна средина и
просторно планирање, кој ќе ги врши договорните работи наменети за реализација на Регионалниот проект
за цврст отпад, финансиран со Договорот за заем од
членот 2 од овој закон, за кој истиот е даночен должник согласно со членот 32 точка 4 и членот 32-а од Законот за данокот на додадена вредност е ослободен од
обврската да пресмета и да плати данок на додадена
вредност.
Даночниот обврзник кој врши промет за кој e ослободен од данок на додадена вредност согласно со ставовите 1, 3, 4 и 6 на овој член, задолжително, освен име
(назив) на примателот на доброто или корисникот на
услугата, во фактурата го наведува и називот на проектот и називот на Договорот за заем од членот 2 од овој
закон.
Избраниот изведувач при увоз на добрата/стоките
ослободени согласно со ставот 5 на овој член, на надлежниот царински орган задолжително му доставува
копија од Договорот за заем од членот 2 од овој закон,
потврда од Министерството за животна средина и
просторно планирање дека избраниот изведувач е избран да врши договорни работи на Регионалниот проект за цврст отпад и изјава дека увезените добра/стоки
се наменети за реализација на Регионалниот проект за
цврст отпад, финансиран со Договорот за заем од членот 2 од овој закон.
Прометот на добра и услуги од ставовите 4 и 6 на
овој член, како и увозот на добра/стоки од ставот 5 на
овој член, не може да го надмине износот од договорот
меѓу Министерството за животна средина и просторно
планирање и избраниот изведувач за вршење на договорните работи наменети за реализација на Регионалниот проект за цврст отпад, финансиран со Договорот
за заем од членот 2 од овој закон.
Член 8
За остварување на ослободувањето од членот 7 ставови 2 и 5 од овој закон, Министерството за животна
средина и просторно планирање, односно избраниот
изведувач, поднесува барање до Министерството за
финансии - Царинска управа.
Формата и содржината на барањето од ставот 1 на
овој член и потребната документација, која треба да се
достави кон барањето, ги пропишува министерот за
финансии.
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات