Стр. 20 - Бр. 251 22 ноември 2022 Огласи ОПШТИНА ШТИП ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ШТИП ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ 1. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија предвидено со: Детален урбанистички план Сењак 4 донесен со Одлука на Совет на Општина Штип бр. 0201-4709 од 28.11.1981 година со основна намена А2 – домување во станбени згради, согласно Табеларен преглед број 1, во кој се дадени податоци за градежната парцела, основна класа на намена на градежна парцела, површина на градежна парцела, катастарските парцели кои се опфатени со градежната парцела, површина за градба во м2, бруто-изградена површина во м2, коефициент на искористеност, процент на изграденост, катност и/или висина, почетна цена по м2 и банкарска гаранција за сериозност на понудата; На Градежната парцела од табеларен преглед број 1 има бесправно изградено два помошни објекти гаражи (градби од втора категорија) за кои Општина Штип има донесено решение за отстранување на истите, односно ИП бр. 23/22-147 од 21.9.2022 (Решението е правосилно на 12.10.2022 ) и ИП бр. 23/22-209 од 21.9.2022 (Решението е правосилно на 14.10.2022 г.). Според чл. 46 ст. 11 од Закон за градежно земјиште, купувачот на градежното земјиште ќе превземе обврска со договорот за отуѓување да го отстрани објектот. 2. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија предвидено со: Детален урбанистички план „Баби 4“ донесен со Одлука бр. 0201-1865/1 од 12.6.1980 година со основна намена А1 домување во станбени куќи, согласно со Табеларен преглед број 2, во кој се дадени податоци за градежните парцели, основна класа на намена на градежна парцела, површина на градежна парцела, катастарските парцели кои се опфатени со градежната парцела, површина за градба во м2, бруто-изградена површина во м2, коефициент на искористеност, процент на изграденост, катност и/или висина, почетна цена за м2 и банкарска гаранција за сериозност на понудата. 3. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија предвидено со: Дет��лен урбанистички план населба Баби 6 донесен со Одлука бр. 07012150/1 од 22.12.2004 година и Одлука 08-1980/1 од 26.2.2015, со основна намена А1 домување во станбени куќи, согласно со Табеларен преглед број 3, во кој се дадени податоци за градежната парцела, основна класа на намена на градежна парцела, површина на градежна парцела, катастарските парцели кои се опфатени со градежната парцела, површина за градба во м2, бруто-изградена површина во м2, коефициент на искористеност, процент на изграденост, катност и/или висина, почетна цена за м2 и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

اختر الفقرة المستهدفة3

الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات