на Република Македонија, спречување на ризиците за здравјето, одбраната и безбедноста, заштита на животната средина и на природата, заштита на сопственоста и на слободата на пазарот и претприемништвото, владеење на правото и спречување на криминалот и корупцијата. (7) Под поимот блиско лице се подразбираат брачниот и вонбрачниот другар, роднините по крв во права линија, роднините во странична линија заклучно до трет степен, како и роднините по сватовство заклучно до втор степен, посвоеник и посвоител и друго лице кое заштитеното лице го смета за блиско лице и за кое се бара да биде заштитено согласно со одредбите од членовите 8 и 9 од овој закон. Заштитено пријавување Член 3 (1) Заштитено пријавување се врши како заштитено внатрешно пријавување, заштитено надворешно пријавување или заштитено јавно пријавување, согласно со членовите 4, 5 и 6 од овој закон, анонимно или доверливо, со добра намера и врз основа на разумно уверување во времето на пријавувањето дека информациите содржани во пријавата се вистинити. (2) Укажувачот не е должен да ја докажува добрата намера и вистинитоста на пријавувањето од ставот (1) на овој член. (3) На укажувачот му се обезбедува заштита согласно со закон и му се гарантира доверливост. (4) Правото на доверливост на укажувачот може да се ограничи со судска одлука за која без одлагање се известува укажувачот. Заштитено внатрешно пријавување Член 4 (1) Заштитено пријавување укажувачот врши во институцијата, односно правното лице, за каде има сомневање или сознание дека е извршено, се врши или ќе се изврши казниво дело, или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес (во натамошниот текст: заштитено внтрешното пријавување). (2) Заштитено внатрешното пријавување укажувачот врши на начин усно на записник или во писмена форма до лице овластено од раководното лице во институцијата, односно правното лице за каде пријавува (во натамошниот текст: овластено лице за прием на пријави од укажувачи). (3) Во институцијата, односно правното лице каде нема овластено лице за прием на пријави од укажувачи, заштитено внатрешното пријавување се врши до раководното лице на институцијата, односно правното лице на начин односно во форма утврдена со ставот (2) на овој член. (4) Овластеното лице за прием на пријави од укажувачи, односно раководното лице во институцијата, односно правното лице од ставот (3) на овој член, е должно: - да постапува по пријавувањето од ставот (1) на овој член со почитување на процедурите утврдени со актот за внатрешно пријавување; - да ги заштитат личните податоци на укажувачот, односно податоците кои можат да го откријат идентитетот на укажувачот кој пријавува анонимно или доверливо, согласно со прописите за заштита на личните податоци; - да го информира укажувачот кој е познат за преземените мерки во врска со пријавата без одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на пријавата.

اختر الفقرة المستهدفة3

الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات