(5) Заштитеното внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор се уредува со акт
што на предлог на Државната комисија за спречување на корупцијата го донесува министерот за
правда.
(6) Заштитеното внатрешното пријавување во приватниот сектор се уредува со внатрешен акт на
правното лице со најмалку 10 вработени лица.
(7) Внатрешните акти од ставовите (5) и (6) на овој член се објавуваат и на друг начин, се
прават јавно достапни до сите вработени во институцијата, односно правното лице.
(8) Насоки за донесување на внатрешните акти од ставот (6) на овој член, донесува министерот
за правда.
Заштитено надворешно пријавување
Член 5
(1) Заштитено пријавување укажувачот може да врши и со пријавување до Министерството за
внатрешни работи, надлежното јавно обвинителство, Државната комисија за спречување на
корупцијата, Народниот правобранител на Република Македонија или други надлежни
институции, односно правни лица, доколку:
- пријавувањето од членот 4 на овој закон е непосредно или посредно насочено против
раководното ице во институцијата, односно правното лице каде пријавува или
- укажувачот во врска со пријавувањето не добие информација за преземени мерки во рокот
утврден во членот 4 став (4) алиенеја 3 од овој закон или
- не се преземени мерки или укажувачот не е задоволен од постапувањето или се сомнева дека
нема да се преземат мерки или дека пријавувањето од членот 4 став (1) од овој закон ќе
предизвика штетни последници по него или по негово блиско лице (во натамошниот текст:
заштитено надворешно пријавување).
(2) Заштитено надворешно пријавување укажувачот врши усно на записник или писмено до
овластено лице, односно раководно лице во институцијата односно правното лице каде
пријавува.
(3) Институциите односно правните лица до кои укажувачот извршил заштитено надворешно
пријавување се должни во рамките на своите надлежности да постапат по пријавата од ставот (1)
на овој член, да ги заштитат личните податоци на укажувачот, односно податоците кои можат да
го откријат идентитетот на укажувачот кој пријавува анонимно или доверливо, согласно со
прописите за заштита на личните податоци, а за преземените мерки да го информираат
укажувачот без одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на пријавата.
(4) Заштитеното надворешното пријавување се уредува со акт што го донесува министерот за
правда.
(5) Ако институцијата односно правното лице до кое укажувачот ја доставил информацијата не е
надлежно да постапува во врска со пријавувањето ќе ја проследи информацијата до надлежен
орган во рок од осум дена од денот на приемот и за тоа истовремено ќе го извести укажувачот.
(6) Надлежниот орган од ставот (5) на овој член е должен да ги применува мерките за заштита
кои на укажувачот му ги обезбедил органот на кого му е отстапено известувањето.
(7) Институцијата односно правното лице до кое укажувачот ја доставил пријавата е должно:
- на барање на укажувачот да му даде известување за текот и дејствијата кои се преземени во
постапувањето по пријавата, како и да му озвозможи на укажувачот увид во списи на предметот,
согласно
закон;
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات