(7) Претседателот на Советот е должен да го извести Собранието на Република Македонија за
истекот на мандатот на член на Советот не подоцна од шест месеци пред истекот на истиот.
(8) Предложениот кандидат за член на Советот ги презентира своите согледувања за
исполнување на целите на овој закон пред работното тело на Собранието на Република
Македонија, надлежно за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
(9) При утврдувањето на предлогот на кандидати за членови на Советот, Комисијата за прашања
на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија води сметка за соодветна и
правична застапеност на граѓаните на сите заедници кои живеат во Република Македонија.
(10) При утврдувањето на предлозите, овластените предлагачи од ставот (2) на овој член, треба
да ја имаат предвид одредбата од членот 12 став (2) од овој закон и треба да водат сметка за
условите за именување согласно со членот 16 став (2) од овој закон.
(11) Надлежното министерство за информатичко општество и администрација ги утврдува
здруженијата на новинари од ставот (2) алинеја 1 на овој член, притоа водејќи сметка за бројот
на членови на новинарските здуженија врз основа на евидентирани потпишани пристапници
потврдени со уплата на членарина за секој член на односното здружение. Регистарот на
евидентирани членови и потврдите за уплатената членарина за тековната година новинарските
здруженија ги доставуваат до надлежното министерство за информатичко општество и
администрација. Надлежното мининистерство за информатичко општество и администрација,
особено ќе води сметка за случаите на двојност на членството, при што за важечки член на
одредено новинарско здружение ќе се смета оној со уплата на членарина од понов датум.
Член 15
Мандат на членовите на Советот
(1) Членовите на Советот се именуваат за време од седум години.
(2) Членовите на Советот немаат право на повторно именување.
(3) Во случај кога член на Советот ќе поднесе оставка или мандатот ќе му престане пред истекот
на времето за кое е именуван, Собранието на Република Македонија ќе именува нов член на
Советот за преостанатиот дел од мандатот на предлог на овластениот предлагач од членот 14 од
овој закон.
(4) Советот може да работи доколку се именувани најмалку пет члена на Советот.
Член 16
Услови за именување
(1) Членови на Советот може да бидат лица државјани на Република Македонија со високо
образование, најмалку пет години работно искуство во струката и кои во јавноста се истакнале
во областа на комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката,
културата, економијата, правото или друга слична област што е од значење за остварувањето на
надлежностите на Советот.
(2) За член на Совет не може да биде именуван:
- пратеник, член на Владата на Република Македонија, лице кое е именувано од страна на
Собранието или Владата на Република Македонија, лице кое раководи со единица на локалната
самоуправа, директор или член на управен или надзорен одбор на јавно претпријатие,
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات