22 ноември 2022 Бр. 251 - Стр. 21 Огласи 4. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија предвидено со: Детален урбанистички план нас. „Света Недела“ донесен со Одлука бр. 08-617/1 од 17.10.1996 година со намена А1 домување во станбени куќи, согласно со Табеларен преглед број 4, во кој се дадени податоци за градежната парцела, намена на парцелата, катастарските парцели кои се опфатени со градежната парцела, површина за градба во м2, бруто-изградена површина во м2, коефициент на искористеност, процент на изграденост, катност и/или висина, почетна цена за м2 и банкарска гаранција за сериозност на понудата. ПРАВО НА УЧЕСТВО 1. Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската Унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската Унија и на ОЕЦД, а под услови на реципроцитет, можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија. 2. Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистар на Република Северна Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на Европската Унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на Европската Унија и на ОЕЦД кои под услови на реципроцитет, можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ Заинтересираните домашни и странски, физички и правни лица поднесуваат пријава за учество н�� јавното наддавање, по електронски пат, преку информацискиот систем www.gradezno-zemjiste.mk, со пополнување на елекронски образец кој го потпишува со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, комплетирана со следните докази (приложени во електронска форма во оригинал или фотокопии заверени на нотар и потпишани со дигитален потпис и полномошно на носителот на дигиталниот потпис заверено на нотар). 1. Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за подносителот на пријавата, податоци за предметното земјиште на кое се однесува пријавата и која документација се доставува во прилог потпишана со дигитален потпис. 2. Банкарска гаранција за сериозноста на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно табеларните прегледи дадени во оваа објава со рок на важност до 18.2.2024 година, со која понудувачот ќе гарантира дека доколку добие статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигнатата цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор на најповолен понудувач. Банкарската гаранција, покрај во електронска форма, задолжително да се достави и во оригинал преку архивата при Општина Штип до Комисијата за спроведување на постапка за јавно наддавање во коверт со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“ и со повикување на бројот на јавната објава во рокот оипределен за поднесување на пријавата. 3. 3а физичките лица уверение за државјанство. 4. За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар (Тековна состојба од ЦРСМ не постара од шест месеци). 5. Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице, односно доказ за својството овластено одговорно лице на правното лице. 6. Е-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и лозинка за пристап на интернет-страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна e-mail адреса, Општина Шти�� ќе нема обврска да прима и врши корекција на истата). 7. Изјава за прифаќање на условите од објавата, потпишана електронски со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач. Подносителите на пријавиет задолжително треба да имаат електронски дигитален сертификат ( потпис ) за да можат да поднесат пријава за учество на јавното наддавање и да учествуваат на истото. Доколу учесникот се пријавува за повеќе од една градежна парцела се пополнува поединечна пријава за секоја градежна парцела, за што се доставува и посебна банкарска гаранција за сериозност на понуда за секоја парцела одделно. Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени. ПОЧЕТНА ЦЕНА Почетна цена на електронското јавно наддавање за секоја градежна парцела е наведено во Табеларниот преглед и е утврдена согласно основната класа на намена на градежно земјиште, односно А2-домување во станбени згради (централно подрачје) изнесува 1.635 денари за метар квадратен и А1-домување во станбени куќи изнесува 61 денар за метар квадратен.

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents