22 ноември 2022
за дистрибуција на електрична енергија, како и согласно правилниците и другите прописи кои ги донесува
или одобрува Регулаторната комисија за енергетика и
водни услуги на Република Северна Македонија врз
основа на Законот за енергетика*,
- овозможи непосреден увид по барање на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, во целокупната документација која што се однесува на вршењето на енергетската дејност за која што е издадена лиценцата, во согласност со Правилникот за лиценци,
- работи во согласност со законите, другите прописи и општи акти на Република Северна Македонија, а
особено оние кои се однесуваат на вршење на дејноста
производство на електрична енергија, заштита на конкуренцијата, заштита на потрошувачите, заштита на
животната средина, животот и здравјето на луѓето и
заштита при работа.
10. Обврска за доставување на Годишен извештај за работењето
Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната
комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија најдоцна до 31 март во тековната
година да достави Годишен извештај за работењето,
вклучувајќи го и извештајот за финансиското и деловното работење во претходната година.
Годишниот извештај со сите прилози задолжително
се доставува и во електронска форма.
Годишниот извештај треба да содржи податоци за:
1) опис и обем на вршењето на енергетската дејност
во текот на годината,
2) годишна завршна сметка со сите прилози,
3) преземени мерки во текот на извештајната година за:
- заштита на објектите и опремата од надворешни
влијанија и хаварии и осигурување на објектите и опремата за вршење на енергетска дејност,
- безбедност и здравје при работа,
- кадровска екипираност, обука и стручно усовршување на вработените,
- заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето,
- извршување на мониторинг на работењето,
- вршење на дејноста во услови на кризна состојба,
промена на условите на светскиот пазар, како и воена и
вонредна состојба,
4) извршување на годишната програма за ремонти,
5) реализирање на планот за работа кој што се однесува на соодветната година,
6) извршени инспекциски надзори и контроли од
страна на надлежни инспекциски и други државни органи, со приложени фотокопии на записниците, извештаите и решенијата од извршените надзори и контроли.
11. Доверливост на информациите
Носителот на лиценцата е должен во согласност со
закон, да обезбеди и да гарантира доверливост на деловните податоци и информации при вршењето на
енергетската дејност производство на електрична енергија.
12. Квалитет на услугата
Носителот на лиценцата е должен да обезбеди технички средства и други услови кои ќе овозможат постојан квалитет на произведената електрична енергија,
согласно Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија.
Бр. 251 - Стр. 45
Носителот на лиценцата е должен да врши постојан
мониторинг на параметрите кои го определуваат квалитетот на произведената електрична енергија и по барање на Регулаторната комисија за енергетика и водни
услуги на Република Северна Македонија, да доставува писмен извештај за движењето на сите параметри
кои што го определуваат квалитетот на произведената
електрична енергија во определен временски период.
13. Мерење на произведената електрична енергија и моќност
Мерењето на произведената, односно испорачаната
електрична енергија во електродистрибутивниот систем се врши во пресметковното мерно место на начин
и постапка утврдени согласно Мрежните правила за
дистрибуција на електрична енергија.
14. Менување, продолжување, пренос, престанување, суспендирање и одземање на лиценцата
Менување, продолжување, пренос, престанување,
суспендирање и одземање на оваа лиценца ќе се врши
во согласност со одредбите од Законот за енергетика*
и Правилникот за лиценци.
15. Мерки во случај на неисполнување на обврските на носителот на лиценцата
Ако носителот на лиценцата не ги исполнува обврските содржани во оваа лиценца, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија ќе преземе мерки согласно Законот
за енергетика* и Правилникот за лиценци.
16. Производни капацитети со кои се врши енергетската дејност
Носителот на лиценцата ја врши енергетската дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала со следните технички карактеристики:
а) назив на фотонапонска електроцентрала: ФЕЦ
“ЕЛАН ТРАНС”
б) моќност на фотонапонска електроцентрала по
фотонапонски панели: 998,64 kW
в) моќност на фотонапонска електроцентрала по
инвертори: 900 kW
г) година на почеток и завршеток на градба и почеток со работа: 2022 година
д) проценет животен век на ФЕЦ: 25 години
е) податоци за опрема:
- тип и производител на фотонапонски панели:
PiKCELL GROUP PiK380М(72)
- број на фотонапонски панели: 2.628
- моќност на фотонапонски панели: 380 W
- тип, производител и номинални податоци на инвертор:
FRONIUS TAURO ECO 100-3-D, моќност 100 kW, 9
инвертори
ж) годишно сончево зрачење на таа локација:
1.816,22 kWh/m2,
з) очекувано годишно производство на електрична
енергија: 1.465.934 kWh.
__________
Në bazë të nenit 24, paragrafi (1), pika 1) nënparagrafi
17 dhe nenit 44 paragrafi (2) të Ligjit të Energjetikës
("Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë" nr. 96/18
dhe "Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së
Veriut" nr. 96/19 dhe 236/22) dhe nenit 15 të Rregullores
së Licencave („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë
së Veriut“ nr. 51/19, 54/19, 214/19, 114/20, 246/20 dhe
44/21), Komisioni Rregullator i Energjetikës dhe i
Shërbimeve të Ujit i Republikës së Maqedonisë së Veriut,
në seancën e mbajtur më 121nëntor 2022, solli këtë
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents