(4) На седниците на Советот присуствува и директорот на Агенцијата, без право на глас, а можат да присуствуваат и други лица вработени во стручната служба на Агенцијата, како и други надворешни лица согласно со Деловникот за работа на Советот. (5) Ако член на Советот смета дека има директен или индиректен приватен инетерес во врска со донесувањето на одлуки од надлежност на Советот, членот на Советот е должен за тоа да го извести Советот. Во овој случај Советот постапува во согласност со Законот за спречување на судир на интереси. (6) Агенцијата на својата веб страница ги објавува дневниот ред од седниците на Советот најдоцна еден ден пред денот на нивното одржување, усвоените записници од седниците на Советот со изјаснувањето и гласањето на членовите на Советот, хрониките од седниците, како и донесените одлуки и другите акти, во рок од седум дена од денот на одржувањето на седницата. (7) Материјалите за седниците на Советот ги подготвува стручната служба на Агенцијата и истите се доставуваат до сите членови на Советот на начин и во рок утврден во Деловникот за работа на Агенцијата. (8) Советот е должен да одржи најмалку една седница во месецот. Член 14 Именување на членови на Советот (1) Собранието на Република Македонија ги именува членовите на Советот на предлог на овластени предлагачи. (2) Овластени предлагачи на членови на Советот се: - двете здруженија на новинари од Република Македонија со најголем број членови предлагаат по еден член на Советот, - Интеруниверзитетската конференција предлага еден член на Советот, - Адвокатската комора на Република Македонија предлага еден член на Советот, - Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија предлага два члена на Советот и - Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија предлага еден член на Советот. (3) Собранието на Република Македонија упатува јавен повик до овластените предлагачи за доставување предлог на кандидати за членови на Советот, најдоцна шест месеци пред истекот на мандатот на член на Советот. (4) Овластените предлагачи од ставот (2) алинеи 1, 2 и 3 на овој член го утврдуваат предлогот по претходно објавен конкурс. (5) Овластените предлагачи од ставот (2) на овој член утврдените предлози за членови на Советот ги доставуваат до Собранието на Република Македонија во рок од два месеца од денот на упатувањето на јавниот повик од страна на Собранието на Република Македонија и во истиот рок се должни јавно да ги објават најмалку во два дневни весници од кои едниот дневен весник е на јазикот на заедницата која не е во мнозинство, а го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија. Врз основа на доставените предлози од овластените предлагачи Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија, во рок од 15 дена составува предлог на кандидати за членови на Советот. (6) Собранието на Република Македонија најдоцна еден месец пред истекот на мандатот на член на Советот, треба да именува нов член на Советот.

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents