(4) Стручната служба ги извршува работите од својата надлежност самостојно и непристрасно,
придржувајќи се кон постапките утврдени со овој закон и прописите донесени врз основа на
него.
(5) Вработен во стручната служба e должен да одбие налог да постапи спротивно на одредбите
на овој закон, прописите донесени врз основа на него, како и другите акти на Агенцијата дури и
кога таквиот налог доаѓа од претпоставен и за тоа да го извести директорот, претседателот и
другите членови на Советот.
(6) Однесувањето на вработените во стручната служба на Агенцијата при вршењето на
надлежностите утврдени со овој закон, прописите донесени врз основа на него и другите акти на
Агенцијата поблиску се уредуваат со Кодекс за однесување на вработените во стручната служба
кој го донесува Агенцијата и го објавува на нејзината веб страница.
Член 23
Мерки во случај на повреда на прописите
(1) Доколку се констатира непочитување на одредбите од овој закон и подзаконските акти
донесени врз основа на него, како и на условите и обврските утврдени со дозволата и другите
акти на Агенцијата, против издавач на медиум, давателот на аудиовизуелни услуги по барање
или операторот на јавни електронски комуникациски мрежи кои врши реемитување на
програмски сервиси, директорот на Агенцијата може да ги преземе следниве мерки:
- ќе донесе решение со кое ќе го опомене,
- ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка во случај кога и покрај донесеното
решение за опомена продолжува со вршење на истата повреда за која е опоменет, во текот на
годината,
- ќе достави предлог до Советот за одземање на дозволата или
- ќе донесе решение за бришење од регистарот согласно со овој закон.
(2) Со исклучок на одредбата од ставот (1) алинеја 2 на овој член, за непочитување на
одредбите од членовите 91 и 92 ставови (8) и (9) од овој закон, директорот на Агенцијата ќе
поднесе барање за поведување на прекршочна постапка без претходно да донесе решение за
опомена.
(3) Преземените мерки од ставот (1) и ставот (2) на овој член со детално образложение,
Агенцијата ги објавува на својата веб страница во рок од три дена од преземената мерка.
Член 24
Право на судска заштита
(1) Одлуки��е и решенијата донесени во случај на повреда на одредбите од овој закон, дозволите,
издадените потврди за регистрација, подзаконските акти и другите акти на Агенцијата се
конечни.
(2) Против одлуките и решенијата од ставот (1) на овој член може да се поднесе тужба за
поведување на управен спор пред надлежен суд.
(3) Тужбата за поведување на управен спор се поднесува во рок од 30 дена од денот на приемот
на одлуката или решението.
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents