Член 25
Соработка
(1) Агенцијата во својата работа треба да ги има предвид директивите на Европската унија,
актите на Советот на Европа, меѓународните конвенции кои ги ратификувала Република
Македонија, како и искуството на земјите членки на Европската унија.
(2) Агенцијата е должна да соработува, дава мислења, предлози и разменува податоци со
министерството надлежно за работите од областа на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги,
Агенцијата за електронски комуникации, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Државната
комисија за спречување на корупција, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Државната
изборна комисија, Централниот регистар на Република Македонија, телото надлежно за заштита
на авторските и сродните права и други државни тела, органи на државната управа, јавни
претпријатија, единици на локалната самоуправа, јавни установи и институции од Република
Македонија. При размена на податоците, Агенцијата е должна да ја обезбеди доверливоста на
истите, согласно со закон.
(3) Агенцијата е должна да соработува и разменува информации со Државниот пазарен
инспекторат, телото надлежно за заштита на авторските и сродните права и други надлежни
органи и тела со цел да се обезбеди правна заштита на услугите кои се засноваат на или
опфаќаат условен пристап, како и во спречувањето на можноста за употреба на недозволени
направи кои овозможуваат пристап до услугите со условен пристап согласно со закон.
(4) Агенцијата согласно со своите надлежности, а во насока на спроведување на одредбите од
овој закон, соработува со регулаторните тела од други држави и меѓународни институции и тела.
Член 26
Социјална инклузија и медиумска писменост
(1) Агенцијата презема активности за да ги поттикне давателите на аудио или аудиовизуелни
медиумски услуги, своите услуги постепено да ги направат достапни за лицата со оштетен слух
или вид.
(2) Агенцијата презема активности за поттикнување на медиумската писменост во Република
Македонија.
(3) При преземањето на активностите од ставовите (1) и (2) на овој член Агенцијата соработува
со невладини организации, здруженија на граѓани, образовните институции и други
заинтересирани страни и истите ги објавува на својата веб страница.
(4) Преземените активности од ставовите (1) и (2) на овој член се составен дел на годишниот
извештај за работа за претходната година на Агенцијата.
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents