Македонија, а уредувачките одлуки се донесуваат во држава која не е членка на Европската
унија, или обратно, а значителен дел од работната сила ангажирана на активности поврзани со
обезбедување на аудио или аудиовизуелните медиумски услуги се наоѓа во Република
Македонија.
(4) Под јурисдикција на Република Македонија се и даватели на аудио или аудиовизуелни
медиумски услуги за кои не се применливи одредбите од ставот (3) на овој член во следниве
случаи:
- користат сателитска врска лоцирана во Република Македонија и
- не користат сателитска врска лоцирана во Република Македонија, но користат сателитски
капацитети што и припаѓаат на Република Македонија.
Член 47
Евиденција на емитувана програма
(1) Радиодифузерите се должни да водат дневна евиденција на емитуваната програма и да го
снимаат излезниот сигнал на својата програма, а снимките од целоку��ната програма да ги чуваат
најмалку 60 дена по емитувањето.
(2) Давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање се должни програмите кои биле
составен дел од каталогот неизменети да ги чуваат најмалку 30 дена по датумот кога престанале
да им бидат достапни на корисниците.
(3) На барање на Агенцијата, давателите на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги од
ставовите (1) и (2) на овој член се должни да и достават автентична и интегрална снимка од
програмите најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето.
(4) Во случај на покренување на судски спор давателите на аудио или аудиовизуелни медиумски
услуги од ставовите (1) и (2) на овој член се должни да ги чуваат снимените материјали до
завршувањето на спорот.
(5) Начинот на водење на дневната евиденција од ставот (1) на овој член, како и квалитетот на
снимките од целокупната програма го пропишува Агенцијата.
(6) Радиодифузерите се должни за кинотечните добра и фонотечните добра, кои претставуваат
културно наследство, да водат посебна евиденција согласно со Законот за заштита на културното
наследство.
Член 48
Посебни забрани
Аудио и аудиовизуелните медиумски услуги не смеат да содржат програми со кои се загрозува
националната безбедност, се поттикнува насилно уривање на уставниот поредок на Република
Македонија, се повикува на воена агресија или на оружен конфликт, се поттикнува или шири
дискриминација, нетрпеливост или омраза врз основа на раса, пол, религија или националност.
(2) Посебните забрани од ставот (1) на овој член треба да бидат во согласност со практиката на
Европскиот суд за човекови права.
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents