(19) Одредбите од овој член на соодветен начин се применуваат и на аудиокомерцијалните
комуникации.
(20) Давателите на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги можат да утврдат кодекс на
однесување во врска со емитување на несоодветни аудиовизуелни комерцијални соопштенија,
што ги придружуваат или се вклучени во детски програми, а се однесуваат на храна или
пијалаци што содржат хранливи материи и материи со хранлив или психолошки ефект, особено
масти, трансмасни киселини, сол/натриум и шеќери, чиешто претерано внесување не е
препорачано во нормалната исхрана.
Член 54
Спонзорство
(1) Спонзорираните аудио или аудиовизуелни медиумски услуги или програми не смеат директно
да поттикнуваат купување или изнајмување на стоки или услуги, особено преку нивно посебно
промотивно препорачување.
(2) Во спонзорираните аудио или аудиовизуелни медиумски услуги или програми треба да биде
јасно означено дека се работи за спонзорирана програма. Спонзорот треба јасно да биде
идентификуван со името, логото и/или каква било друга ознака на спонзорот, како што е
спомнување на неговите производи или услуги или негов карактеристичен знак, на соодветен
начин, на почетокот, за време и/или на крајот на програмата.
(3) Во спонзорираните аудио или аудиовизуелни медиумски услуги или програми, нивната
содржина, а во случај на радиодифузија и нивниот распоред не смее, во ниту еден случај, да
претрпи влијание што би имало ефект врз одговорноста и уредничката независност на давателот
на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги.
(4) Правилата за спонзорство се уредуваат со подзаконски акт што го донесува Агенцијата.
(5) Не е дозволено спонзорство на вести, актуелно-информативни програми за тековните настани
и на верски програми.
(6) Аудио или аудиовизуелните медиумски услуги или програми не смеат да бидат спонзорирани
од правни или физички лица чија главна дејност е производство или продажба на цигари и други
производи од тутун.
(7) Не е дозволено спонзорство на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги или програми од
страна на физички или правни лица чија главна дејност е производство или продавање на
производи или давање на услуги, а чие рекламирање е забрането согласно со овој закон.
(8) Како отстапување од ставот (7) на овој член физички или правни лица чии активности
вклучуваат производство или продажба на медицински производи и/или медицински третмани,
можат да спонзорираат аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Во овој случај може да се
промовира само нивното име или имиџ, но не и конкретни медицински производи или
медицински третмани достапни исклучиво на лекарски рецепт.
(9) Не е дозволено идентификување на спонзорот во текот на документарните и на програмите за
деца.
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents