- ниво на гледаност/слушаност (државно, регионално или локално), - подрачје(а) на кое ќе се врши дејноста, - сервисна зона и локација на техничкото средство за емитување, доколку се работи за радиотерестријално аналогно емитување, - знак за идентификација и - програмски концепт. (2) Агенцијата ги објавува на својата веб страница податоците од регистарот од ставот (1) на овој член имајќи ги предвид прописите за заштитата на личните податоци. (3) Формата и содржината на регистерот од ставот (1) на овој член ги пропишува Агенцијата. Член 67 Програмски концепт на радиодифузер (1) Форматот на програмскиот сервис на радиодифузерот (општ или специјализиран) и основните суштински насоки за работата на радиодифузерот се утврдени со програмски концепт. (2) Програмскиот концепт на радиодифузер треба да содржи и програмска структура со која особено се утврдува: - класификација на програмите во одделни групи според нивниот вид, како и предвиден квантитативен процентуален сооднос меѓу групите и - предвидена застапеност на програма произведена од страна на самиот радиодифузер (in-house production) и продукција на македонски аудио/аудиовизуелни дела. (3) Програмскиот концепт за телевизиско емитување треба да содржи и почетен износ на европски дела и дела од независни продуценти. (4) За телевизиско емитување на регионално или локално ниво, како и за непрофитна радиодифузна установа не важи одредбата од ставот (3) на овој член. (5) Образецот на програмскиот концепт од ставот (1) на овој член го изготвува Агенцијата и го објавува на својата веб страница. (6) Радиодифузерот е должен да спроведува најмалку 80% од програмскиот концепт за кој му е издадена дозволата во текот на една недела. (7) За промена или дополнување на програмскиот концепт врз основа на кој радиодифузерот ја добил дозволата за телевизиско или радио емитување, повеќе од 20%, радиодифузерот мора да добие претходна согласност од Агенцијата. Барањето за добивање на согласност се доставува на образец изготвен од страна на Агенцијата и објавен на нејзината веб страница. (8) Програмскиот концепт врз основа на кој радиодифузерот ја добил дозволата за телевизиско или радио емитување, како и неговите промени или дополнувања се објавуваат на веб страницата на Агенцијата. (9) Програмскиот концепт врз основа на кој радиодифузерот ја добил дозволата за телевизиско или радио емитување е составен дел на договорот за работа кој се склучува меѓу радиодифузерот и уредниците, односно новинарите. (10) Одговорниот уредник е одговорен за имплементацијата на програмскиот концепт на радиодифузерот .

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents