(8) Одлуката од ставот (7) на овој член е конечна, а против истата може да се поднесе тужба пред надлежниот суд во рок од 30 дена од денот на нејзиниот прием. (9) Одлуката за објавување на јавниот конкурс за доделување на дозвола за телевизиско или радио емитување содржи образложение особено за причините за објавување на јавниот конкурс и се објавува во "Службен весник на Република Македонија", на веб страницата на Агенцијата, како и во најмалку два дневни весници од кој едниот дневен весник е на јазикот на заедницата која не е во мнозинство, а го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија. (10) Право на учество на јавниот конкурс има домашно и странско правно и физичко лице. (11) Домашно правно лице чии основачи се и странски лица регистрирани во земјите во кои согласно со прописите на тие земји не е дозволено или не е возможно да се утврди потеклото на основачкиот капитал, не може да учествува на јавниот конкурс. (12) Рокот за поднесување на пријави по конкурсот тече од првиот нареден ден од денот на објавувањето на одлуката од ставот (9) на овој член во "Службен весник на Република Македонија". Член 71 Содржина на одлуката за објавување на јавен конкурс Одлуката за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за телевизиско или радио емитување содржи: - дејност (радио или телевизија) за која се распишува конкурсот, - видот на програмскиот сервис, односно форматот утврден согласно со студијата од членот 70 од овој закон, - нивото на гледаност/слушаност (државно, регионално или локално), - подрачје(а) на кое ќе се врши дејноста, - радиофреквенција(и) или капацитет во дигитален терестријален мултиплекс, - број на дозволи за телевизиско или радио емитување, - услови кои треба да се исполнат согласно со актот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови од членот 62 став (3) од овој закон, како и техничките карактеристики и параметри определени од страна на Агенцијата за електронски комуникации согласно со Законот за електронските комуникации и прописите донесени врз основа на него, - критериуми за оценување и начин на бодирање согласно со членот 74 од овој закон, - времетраење на дозволата согласно со членот 79 од овој закон, - местото и времето кога може да се подигне конкурсната документација и висината и начинот на плаќање на надоместокот за документацијата, - висината и начинот на плаќање на надоместоците утврдени со овој закон, - висината и начинот на плаќање на надоместоците за користење на радиофреквенција или повеќе радиофреквенции ако се дел на една дозвола, односно висина и начин на плаќање за емитување преку слободен канал на мултиплекс, - документацијата што треба да се поднесе заедно со пријавата согласно со членот 73 став (3) од овој закон, - начинот за поднесување на пријавите и крајниот рок за поднесување на пријавите кој не може да биде пократок од 60 и подолг од 90 дена од денот на објавувањето на одлуката за објавување на јавниот конкурс во “Службен весник на Република Македонија“, - адреса, место, датум и време на јавното отворање на пријавите, - лице за контакт од кого кандидатите можат да добијат дополнителни информации, - рок во кој ќе биде донесена одлуката за доделување на дозволата кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на јавното отворање на пријавите и - рок кој не може да биде подолг од седум дена во кој кандидатите ќе бидат известени за донесената одлука за доделување на дозволата, а која треба да содржи детално образложение со наведување на причините за донесување на одлуката.

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents