Член 85
Престанок на важност на дозвола по сила на закон
(1) Дозволата за телевизиско или радио емитување престанува да важи по сила на закон во
следниве случаи:
- со истекот на рокот за кој е доделена,
- со писмена изјава на имателот со која се известува Агенцијата дека престанува со емитувањето
на радио или телевизиска програма,
- ако имателот на дозволата престанал да постои,
- со одземање на дозволата од страна на Агенцијата,
- ако настапи стечај на имателот на дозволата или
- ако настапи ликвидација на имателот на дозволата.
(2) За престанок на важност на дозволата за телевизиско или радио емитување по сила на закон
Советот не носи одлука. Агенцијата ќе го избрише радиодифузерот од регистарот на
радиодифузери доколку дозволата престанала да му важи согласно со ставот (1) на овој член.
Член 86
Стечај или ликвидација на трговско радиодифузно друштво
(1) Над трговско радиодифузно друштво може да се спроведе постапка за ликвидација или да се
отвори стечајна постапка согласно со закон.
(2) Одредбата од ставот (1) на овој член не се однесува на јавниот радиодифузен сервис.
V.3.3. Програмски принципи, права и обврски
Член 87
Настани со ексклузивни права за емитување
(1) Радиодифузер врз основа на добиени ексклузивни права е должен да емитува настани за кои
се смета дека се од големо значење за општеството, на начин со кој на најмалку 80% од јавноста
во Република Македонија ќе им го овозможи следењето на таквите настани преку директно или
одложено емитување на телевизија со слободен пристап (бесплатна телевизија) утврдено во
одлуката од членот 88 од овој закон.
(2) Радиодифузерите не смеат да ги користат ексклузивните права за емитување настани од
големо значење за општеството на начин со кој публиката во други држави ќе биде
оневозможена да го следи настанот што таа земја го пријавила како настан од големо значење.
Член 88
Утврдување на листа на настани од големо значење
(1) Советот донесува одлука со која утврдува листа на настани (национални или меѓународни) за
кои смета дека се од големо значење за општеството и притоа одредува дали тие настани треба
да бидат во целост или делумно достапни за директен пренос или онаму каде што е тоа
неопходно или соодветно за јавниот интерес, а од објективни причини, во целост или делумно
достапни преку одложен пренос. Одлуката треба да содржи и дополнителни податоци за тоа што
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents