домашната играна програма, во кој што јасно ке се гледаат учесниците во проектот, типот на
технолошката опрема употребена за снимање доколку се работи за домашна играна програма и
автентичноста на локацијата или студиото.
(2) Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиски програмски сервис од општ
формат на државно ниво преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс и
јавниот радиодифузен сервис се должни да и овозможат слободен увид и следење во текот на
целиот процес на производство, кога тоа ќе го побара Комисијата.
(3) Следењето во процесот на производство со непосреден увид Комисијата може да го изврши
во секое време, согласно предложените рок и динамика за производство од член 92-г став 3 од
овој закон, за што составува записник.
Член 92-е
Обврска за известување на Агенцијата
Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиски програмски сервис од општ
формат на државно ниво преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс и
јавниот радиодифузен сервис се должни пет дена пред започнување со емитување на одобрениот
проект од членот 92-д став (1) на овој закон писмено или електонски да ја известат Агенцијата
за периодот на емитувањето на истиот.
Член 92-ж
Барање за исплата на надоместок
(1) Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиски програмски сервис од општ
формат на државно ниво преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс и
јавниот радиодифузен сервис, по реализацијата на производството и емитувањето на одобрениот
предлог проект од членот 92-д став (1) на овој закон, најдоцна до 30 ноември во тековната
година до Комисијата од членот 92-б на овој закон да достават барање за исплата на надоместок
за покривање на трошоци за производството на одобрениот проект од членот 92-д на овој закон.
(2) Кон барањето од став (1) на овој член, се доставува и листа на трошоци групирани по
структура, со приложени докази.
Член 92-з
Барање за податоци и утврдување на трошоци
(1) Комисијата од членот 92-б на овој закон во рок од два дена од денот на приемот на барањето
од членот 92-ж на овој закон, до Агенцијата доставува барање за добивање на податоци со кои
се потврдува извршеното емитување на одобрениот проект од членот 92-д на овој закон.
(2) Агенцијата е должна во рок од два дена од денот на приемот на барањето од став (1) на овој
член на Комисијата да и ги достави бараните податоци.
(3) Комисијата во рок од 15 дена од денот на приемот на податоците од ставот (2) на овој член,
ги утврдува реално направените трошоци за производство на одобрениот проект од членот 92-д
на овој закон во согласно со подзаконскиот акт од членот 92 став (12) на овој закон.
(4) Комисијата во рок од два дена од денот на утврдувањето на трошоците од ставот (3) на овој
член, доставува предлог до Министерството за информатичко општество и администрација за
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents