исплата на трошоците за производство на домашна документарна програма и/или домашна
играна програма.
Член 92-s
Распределба на исплатениот надоместок
(1) Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиски програмски сервис од општ
формат на државно ниво преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс и
јавниот радиодифузен сервис, исплатениот надоместок од членот 92-з на овој закон во делот за
авторски и други хонорари, го распределуваат на следниот начин:
- до 8% од средствата добиени од надоместокот му се исплаќаат на режисерот доколку има
дипломирано на режија и има снимано барем еден играна серија или филм, а доколку режисерот
е почетник му се исплаќаат до 5%,
- до 8% од средствата добиени од надоместокот му се исплаќаат на продуцентот доколку има
дипломирано на продукција, а доколку продуцентот е почетник му се исплаќаат до 5%,
- до 5% од средствата добиени од надоместокот му се исплаќаат на сценаристот доколку има
дипломирано на сценарио, а доколку сценаристот е почетник му се исплаќаат до 3%,
- до 3,5% од средствата добиени од надоместокот им се исплаќаат на ,директорот на
фотографијата, сценографот, костимографот, монтажерот, авторот на музиката, дизајнот на
аудиото и носителот на главната улога со најмногу до две главни улоги,
- до 2,5% од средствата добиени од надоместокот им се исплаќаат на носителите на други улоги,
односно други автори кои придонесуваат во филмот,
- до 2% од средствата добиени од надоместокот им ��е исплаќаат на другите технички или
неспоменати авторски членови на филмската екипа.
(2) Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиски програмски сервис од општ
формат на државно ниво преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс и
јавниот радиодифузен сервис до Комисијата доставуваат извештај за исплатениот надомест од
ставот (1) од овој член.
(3) Комисијата може да направи увид во распределбата од ставот (1) на овој член со цел да ја
испита веродостојноста на податоците од извештајот од ставот (2) на овој член.
(4) Доколку Комисијата при извршениот увид од ставот (3) на овој член утврди дека
надоместокот не е распределен согласно ставот (1) од овој член, тогаш трговското радиодифузно
друштво кое емитува телевизиски програмски сервис од општ формат на државно ниво преку
преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс или јавниот радиодифузен сервис е
должно да го врати исплатениот надомест во рок од 15 дена од денот на приемот на актот со кој
е утврдено враќање на исплатениот надоместок.
Член 92-и
Обврска за достава на дигитална копија
По исплатата на надоместокот од членот 92-з на овој закон, трговското радиодифузно друштво
кое емитува телевизиски програмски сервис од општ формат на државно ниво преку преносен
капацитет на дигитален терестријален мултиплекс и јавниот радиодифузен сервис се должни во
рок од 15 дена од денот на исплатата на надоместокот до Кинотеката на Република Македонија
да достават една дигитална копија од одобрениот проект од членот 92-д на овој закон во
максималната резолуција во која истиот е снимен.
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents