Член 97 Идентификација на радиодифузер (1) Радиодифузер треба да има свој знак за идентификација. (2) Знакот за идентификација на радиодифузерот, мора да биде континуирано истакнат за време на емитување на телевизиската програма, односно да се емитуваат најмалку еднаш во текот на еден реален час на радиопрограмата. (3) Во случаите кога радиодифузер емитува програма во единствен систем, во текот на траењето на таа програма тие, исто така, се должни да ги истакнуваат знаците на идентификација. (4) Радиодифузер не може да употребува знак за идентификација поинаков од оној утврден во дозволата за вршење на радиодифузна дејност. (5) Радиодифузерот за секоја промена на знакот за идентификација е должен да достави примерок од истиот до Агенцијата. V.3.5. Рекламирање и телешопинг Член 98 Услови за рекламирање и телешопинг (1) Рекламирањето и телешопингот треба да бидат јасно препознатливи и одвоени од другите делови на програмата. За да не се спречува употребата на нови рекламни техники, освен со оптички и/или звучни средства рекламирањето и телешопингот можат да се одвојат од другите делови на програмата и со просторни средства. (2) Правилата за новите рекламни техники ги пропишува Агенцијата. Член 99 Начин н�� рекламирање и телешопинг (1) Рекламирањето и телешопинг спотовите по правило се емитуваат во блокови вметнати меѓу програмите. Изолирани рекламни и телешопинг спотови, освен оние во преноси на спортски настани, треба да биде исклучок. (2) Телешопинг прозорците мора да бидат јасно означени со оптички и звучни средства и да имаат непрекинато времетраење од минимум 15 минути. (3) Не е дозволен телешопинг на медицински производи кои се предмет на авторизација за маркетинг, како и на медицински третмани. (4) Рекламирање и телешопинг не може да се емитува и во програми за деца чие времетраење е еднакво или пократко од 30 минути. (5) Во програмите за деца кои траат повеќе од 30 минути (без времето одвоено за рекламирање и телешопинг) може да се емитуваат рекламни и/или телешопинг спотови еднаш за секој период од 30 минути.

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents