(9) Новинарите и уредниците во МРТ, како и лицата кои директно се инволвирани во
производството и продукцијата на програмите во МРТ немаат статус на јавни службеници.
Член 105
Финансирање на МРТ
(1) МРТ се финансира средствата за финансирање на радиодифузната дејност, од емитување на
аудио и аудиовизуелни комерцијални комуникации, донации, продажба на програма и услуги
согласно со овој закон и Законот за контрола на државната помош.
(2) Донациите од ставот (1) на овој член не смеат да влијаат или да ја нарушат уредувачката
независност на МРТ.
(3) МРТ е должна за набавката на аудио или аудиовизуелни дела, односно на програмски
содржини да склучи посебен договор со обезбедувачот на аудио или аудиовизуелни дела,
односно на програмски содржини.
(4) Начинот и постапката на спроведување на јавни конкурси, начинот и постапката за
набавката на аудио или аудиовизуелни дела, односно на програмски содржини и склучување на
договорите се утврдува со акт донесен од директорот на МРТ кој треба да обезбеди
транспарентност, економичност, ефикасност и ефективност во управувањето на финансиските
средства на МРТ, согласно со годишната програма за работа на МРТ за наредната година, овој
закон и актите кои произлегуваат од него.
Член 106
Годишен извештај и годишна програма за работа на МРТ
(1) МРТ е должна да донесе годишен извештај за работа за претходната година и Годишна
програма за работа за наредната година.
(2) Годишната програма за работа за наредната година МРТ е должна да ја достави до
Собранието на Република Македонија најдоцна до 30 октомври во тековната година и истата
особено треба да содржи:
- програма за работа за наредната година со планирани активности особено за исполнување на
програмските обврски на МРТ согласно со овој закон и
- финансиски план за нaредната година кој ги содржи планираните приходи и расходи на МРТ за
наредната година групирани по структура и по организацона структура на МРТ, како и
предвидените капитални инвестиции на МРТ за наредната година.
(3) Во прилог на годишната програма за работа на МРТ за наредната година се доставува и
усвоената годишна програма за работа на МРТ за тековната година.
(4) Финансискиот план од ставот (2) алинеја 2 на овој член го одобрува Собранието на
Република Македонија најдоцна до 31 декември во тековната година.
(5) Годишниот извештај за работа за претходната година МРТ е должна да го достави до
Собранието на Република Македонија на разгледување најдоцна до 31 март во тековната година
и истиот особено треба да содржи:
- извештај за реализација на програмата за работа од претходната година,
- финансиски извештај за реализација на финансискиот план од претходната година и годишна
сметка, со податоци за реализирани приходи, расходи, побарувања и обврски од претходната
година групирани по структура и по организацона структура на МРТ и
- ревизорски извештај од независен меѓународен овластен ревизор и ревизорски извештај од
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents