Член 122 Учество на седниците на Програмскиот совет на МРТ (1) Седниците на Програмскиот совет на МРТ се јавни. (2) На седниците на Програмскиот совет на МРТ, без право на одлучување, учествува претседателот или заменикот на претседателот на Надзорниот одбор на МРТ и директорот или заменикот на директорот на МРТ и на седниците, а во согласност со Деловникот на Програмскиот совет, можат да присуствуваат и учествуваат лица вработени во МРТ, како и надворешни лица. (3) Дневниот ред, записниците од седниците на Програмскиот совет на МРТ, донесените одлуки, како и изјаснувањето на членовите на Програмскиот совет на МРТ при постапката на гласање за одредено прашање, се објавуваат на веб страницата на МРТ во рок од седум дена од денот на одржаната седница. ��лен 123 Надоместок на членовите на Програмскиот совет на МРТ (1) За својата работа членовите на Програмскиот совет на МРТ добиваат надоместок во висина од една третина од просечно исплатена плата во Република Македонија по завршена седница, односно по исцрпување на дневниот ред утврден за таа седница. (2) Членовите на Програмскиот совет на МРТ кои живеат надвор од Скопје имаат право на надоместок на патните трошоци кога присуствуваат на седниците на Програмскиот совет на МРТ во согласност со Правилникот за плати и други надоместоци. (3) Надоместоците од ставовите (1) и (2) на овој член се обезбедуваат од средствата на МРТ утврдени со годишниот финансиски план. Член 124 Надлежности на Програмскиот совет на МРТ (1) Програмскиот совет на МРТ ги има следниве надлежности: - го следи исполнувањето на програмските обврски, начелата и стандардите утврдени во овој закон, а во случај на нивно непочитување е должен писмено да го предупреди директорот на МРТ и може да побара од него да го прекине емитувањето на програмата, - ги следи коментарите и укажувањата на публиката во однос на емитуваната програма на МРТ и имајќи ги предвид истите може во писмена форма да побара од директорот на МРТ да го прилагоди обемот, структурата или севкупниот квалитет на програмската содржина, - донесува Деловник за своето работење, - ги избира и разрешува членовите на Надзорниот одбор на МРТ, - го избира и разрешува директорот и заменикот на директорот на МРТ, - го донесува Статутот на МРТ, - ги усвојува годишниот извештај за работа за претходната година и годишната програма за работа за наредната година на МРТ, - ја усвојува програмата за развој на МРТ, - ги донесува Општите правила за програмските и професионалните стандарди во МРТ и - ги донесува општите акти за работењето на МРТ утврдени во Статутот на МРТ.

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents