Избришан Член 140 Распределба на радиодифузната такса (1) Средствата за финансирање на радиодифузната дејност се распоредуваат на следниов начин: - 74,5% за МРТ за покривање на трошоци за создавање и емитување на програмите и за техничко-технолошки развој, - 19,5% за ЈП Македонска радиодифузија за одржување, употреба и развој на јавната радиодифузна мрежа и - 6% за Агенцијата за регулирање и развој на медиумите и аудиовизуелните медиумски услуги. (2) Корисниците на средствата од ставот (1) на овој член се должни средствата да ги користат врз основа на финансиски план кој јавно се објавува. VIII. РЕЕ��ИТУВАЊЕ НА ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ ПРЕКУ ЈАВНИ ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИСКИ МРЕЖИ Член 141 Реемитување на програмски сервиси (1) Операторот на јавна електронска комуникациска мрежа пред да започне со реемитување на програмски сервиси во Агенцијата доставува пријава за негово евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и регистрација на програмските сервиси кои ќе ги реемитува како целина во вид на програмски пакет. (2) Пријавата од ставот (1) на овој член особено содржи: - фирма и седиште, односно назив и адреса на операторот, - име и презиме на одговорното лице на операторот, - програмскиот пакет, односно листа на програмски сервиси од радиодифузери кои операторот планира да ги реемитува, - начин на кој операторот ќе го обезбедува програмскиот пакет, - подрачје на кое операторот ќе го обезбедува програмскиот пакет (сервисна зона) и - датум на започнување со обезбедување на програмскиот пакет. (3) Агенцијата со подзаконски акт ќе ги пропише содржината и формата на пријавата и потврдата за регистрација. Образецот на пријавата се објавува на веб страницата на Агенцијата. (4) Со пријавата одговорното лице на операторот доставува и изјава со која потврдува под целосна кривична и материјална одговорност дека за реемитување на програмските сервиси од ставот (2) на овој член има уредено авторски и сродни права, согласно со Законот за авторските права и сродните права. (5) Доколку пријавата е нецелосна, односно не ги содржи податоците утврдени во ставовите (2) и (4) на овој член, Агенцијата во рок од три дена од денот на приемот на пријавата, за тоа писмено ќе го извести операторот и ќе го задолжи во рок од пет дена од денот на приемот на известувањето да ја комплетира пријавата. (6) Доколку оператотот не постапи по писменото известување од ставот (5) на овој член ќе се смета дека пријавата не е доставена.

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents