2) има таен содружник согласно со членот 34 од овој закон; 3) дополнително се утврди дека еден од основачите на радиодифузер е правното лице од членот 35 став (2) од овој закон; 4) се стекне со сопственост спротивно на членовите 37 и 38 од овој закон; 5) остварува недозволена медиумска концентрација спротивно на одредбите на членот 39 од овој закон; 6) не ја извести Агенцијата за промена на сопственичката структура (член 41 став (1)); 7) спроведе промена на сопственичката структура пред истата да биде одобрена од страна на Агенцијата (член 41 став (2)); 8) на Агенцијата по нејзино барање не и достави податоци од значење за одлучување (член 41 став (5)); 9) не достави податоци од значење за одлучување на Агенцијата во постапката за утврдување на недозволена медиумска концентрација по службена должност (член 43 став (2)); 10) не ги почитува правилата за заштита на малолетната публика (член 50); 11) обезбедува телевизиско или радио емитување без дозвола за телевизиско или радио емитување (член 62 став(2)); 12) обезбедува телевизиско или радио емитување во подрачје кое не му е определено во дозволата за телевизиско или радио емитување (член 62 став (3)); 13) обезбедува употреба на јазик спротивно на членот 64 од овој закон; 14) не спроведува најмалку 80% од програмскиот концепт за кој му е издадена дозволата во текот на една недела (член 67 став (6)); 15) го промени или дополни програмскиот концепт на радиодифузерот врз основа на која радиодифузерот ја добил дозволата за телевизиско или радио емитување повеќе од 10%, без претходна согласност од Агенцијата (член 67 став (7)); 16) не постапува во согласност со одредбите од членот 77 став (5) или (6) од овој закон; 17) дозволата за телевизиско или радио емитување ја пренесе на друго лице (член 79 став (4)) и 18) не ги почитува обврските за емитување на европски дела и дела од независни продуценти утврдени во членот 91 од овој закон. (2) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице на програмата во правното лице и на трговец поединец за сторениот прекршок од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на физичко лице за сторениот прекршок од ставот (1) точка 11 на овој член. Член 148 (1) Глоба во износ од 2.500 евра во денарска проттиввредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: 1) не води дневна евиденција на емитуваната програма или не го снима излезниот сигнал на својата програма или снимките од целокупната програма не ги чува најмалку 60 дена по емитувањето (член 47 став (1)); 2) програмите кои биле составен дел од каталогот неизменети не ги чува најмалку 30 дена по датумот кога престанале да им бидат достапни на корисниците (член 47 став (2)); 3) во случај на покренување судски спор не ги чува снимените материјали до завршувањето на спорот (член 47 став (4)); 4) не води дневна евиденција или не обезбедува квалитет на снимките од целокупната програма на начин пропишан од Агенцијата (член 47 став (5)); 5) не обезбеди информации достапни за корисниците согласно со членот 51 став (1) од овој закон; 6) при квизови или различни облици на наградно учествување на слушателите и гледачите на аудио или аудиовизуелна програма не обезбеди недвосмислено објавување на правилата за тие содржини и за јавно ветената награда (член 52); 7) аудиовизуелната комерцијална комуникација не е во согласност со членот 53 од овој закон; 8) спонзорството не е во согласност со членот 54 од овој закон;

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents