- лица кои извршуваат должност во органите на политичка партија или на верска заедница,
- лице кое е сопственик на удели или акции, член на орган на управување или лице кое на
директен или индиректен начин има интерес во правно лице кое се занимава со аудио или
аудиовизуелни медиумски услуги или во друштво кое врши слична дејност (рекламирање,
електронски комуникации, производство и продажба на аудио и аудиовизуелна техничка стока и
слично), а се однесуваат на аудио/аудиовизуелни медиумски услуги и оператори и/или даватели
на јавни електронски комуникациски мрежи и услуги,
- лице чии членови на семејството имаат удели или акции или се членови на органи на
управување во радиодифузери или
- лице кое е правосилно осудено на казна затвор подолга од шест месеци или ако му е изречена
мерка забрана за вршење професија, дејност или должност подолго од шест месеци се додека
казната, односно мерката не биде избришана од соодветниот регистар согласно со закон.
(3) За членови на Советот можат да бидат именувани лица вработени во други правни лица,
освен во други правни лица кои можат да бидат во конфликт на интересите согласно со овој
закон.
(4) Членовите на Советот не смеат од радиодифузерите, давателите на аудиовизуелни медиумски
услуги по барање и од операторите на јавни електронски комуникациски мрежи кои емитуваат,
односно реемитуваат програмски содржини да примаат подароци, да прифаќаат услуги, ниту да
стапуваат во односи кои би ги довеле до судир на интереси.
Член 17
Престанок на мандат на член на Советот
(1) На член на Советот му престанува мандатот по сила на закон пред истекот на времето за кое
е именуван во следниве случаи:
- на негово барање,
- со прифаќање на функции или работа што се неспоиви со функцијата член на Советот согласно
со овој закон,
- ако е правосилно осуден за кривично дело за кое е предвидена казна затвор во траење подолго
од шест месеци или му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење професија, дејност
или должност во траење подолго од шест месеци,
- ако не е во можност да ја извршува должноста повеќе од шест месеци во континуитет,
- настапила некоја од пречките за членство во Советот предвидени во членот 16 од овој закон,
- неоправдано отсуствува од три последователни седници на Советот или од пет седници во текот
на една година согласно Деловникот за работа на Агенцијата или
- ако се утврди дека членот на Советот во постапката за негово именување дал невистини
податоци или пропуштил да изнесе некои информации кои се важни за неговото именување.
(2) За исполнување на условите за престанување на мандатот на член на Советот пред истекот
на времето за кое е именуван, предвидени во ставот (1) на овој член претседателот, односно
заменикот на претседателот на Советот е должен да го извести Собранието на Република
Македонија во рок од пет дена од денот на исполнувањето на условите од ставот (1) на овој
член. Во овој случај се применува постапката утврдена во членот 14 од овој закон.
Член 18
Надлежности на Советот
Советот ги има следниве надлежности:
- донесува одлука за распишување на јавен конкурс за доделување на дозвола за телевизиско
или радио емитување,
- донесува одлука за доделување, одземање или продолжување на дозволата за телевизиско или
радио емитување,
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents