(2) Радиодифузер може да започне со обезбедување на телевизиско или радио емитување по
добивање на дозвола за телевизиско или радио емитување.
(3) Дозволата од ставот (2) на овој член може да се издаде за подрачје на целата територија на
Република Македонија, односно за државно ниво, за подрачје на одреден регион, односно за
регионално ниво или за подрачје на одредено населено место со најблиската околина, односно
за локално ниво, согласно со подзаконски акт донесен од страна на Агенцијата. Имателот на
дозволата стекнува право да го емитува радио или телевизискиот програмски сервис во
подрачјето, односно нивото за кое ја добил дозволата.
(4) Како подрачја на регионално ниво за кои се издава дозвола за вршење на радиодифузна
дејност согласно со ставот (2) на овој член се сметаат зоните на распределба дефинирани во
Планот Женева 06 кој е дел од Регионалната радиокомуникациска конференција за планирање
на дигиталната радиодифузна служба во делови од регионите 1 и 3, во радиофреквенциските
опсези 174-230 MHz и 470-862 MHz (RRC-06) на која и пристапила Република Македонија, освен
зоната на распределба D1 - Црн Врв која се состои од два региона на емитување Скопје и Велес,
односно подрачје на регионално ниво Скопје и подрачје на регионално ниво Велес. Подрачјето
на регионално ниво Скопје ги содржи градот Скопје и општините Чучер Сандево, Арачиново,
Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани и Сопиште. Подрачјето на регионално ниво Велес
ги содржи општините Велес, Чашка, Свети Николе, Лозово, Градско, Росоман, Неготино и дел од
општината Кавадарци.
(5) При обезбедување на телевизиско или радио емитување преку ограничен ресурс како што се
радиофреквенции или преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс на државно
или регионално ниво, радиодифузерот е должен да обезбеди покриеност со сигнал на најмалку
80% од населението во Република Македонија, односно од населението во соодветниот регион.
(6) За обезбедување на телевизиско или радио емитување покрај условите и обврските
пропишани во овој закон, радиодифузерот треба да исполнува посебни минимални технички,
просторни, финансиски и кадровски услови во зависност од програмскиот формат, пропишани со
подзаконски акт донесен од страна на Агенцијата.
Член 63
Начин на емитување
(1) Емитување на телевизиски програмски сервис може да се врши преку преносен капацитет на
дигитален терестријален мултиплекс, јавна електронска комуникациска мрежа што не користи
ограничен ресурс или преку сателит.
(2) Емитување на радиопрограмски сервис може да се врши преку радиофреквенции, преносен
капацитет на дигитален терестријален мултиплекс, јавна електронска комуникациска мрежа што
не користи ограничен ресурс или преку сателит.
Член 64
Употреба на јазик
(1) Радиодифузерите се должни да ја емитуваат програмата на ��акедонски јазик и кирилско
писмо, а во случаите кога програмата е наменета за заедница која не е во мнозинство, на јазикот
и писмото на таа заедница.
(2) Доколку програмските сервиси што се реемитуваат преку јавни електронски комуникациски
мрежи се титлуваат на јазик различен од јазикот на кој оригинално се произведени, мора да
бидат титлувани на македонски јазик, или на јазикот на заедницата која не е во мнозинство, а го
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents