зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија, освен телешопингот и
рекламите.
(3) Програмите на странски јазици или деловите од нив што се емитуваат на програмите на
радиодифузерите треба да бидат преведени на македонски јазик, односно на јазикот на
заедницата што не е во мнозинство.
(4) Одредбите од ставот (3) на овој член не се однесуваат на преноси на музички и сценски
настани, на образовни програми за изучување на странски јазик, како и на деловите од
програмите наменети за странци.
(5) Деловите од програмите што не се преведуваат се најавуваат на македонски јазик, односно
на јазикот на заедницата што не е во мнозинство.
Член 65
Видови на радиодифузери
(1) Радиодифузер може да биде трговско радиодифузно
претпријатие или непрофитна радиодифузна установа.
друштво,
јавнo
радиодифузнo
(2) Трговско радиодифузно друштво можат да основаат правни и физички лица под услови
утврдени со овој и друг закон.
(3) Јавно радиодифузно претпријатие се основа за целата територија на Република Македонија и
врши функција на јавен радиодифузен сервис.
(4) Непрофитна радиодифузна установа може да се основа само за радио емитување и тоа од
страна само на образовни, културни и други установи и здруженија на граѓани и фондации со
цел за да се задоволат потребите и интересите на специфични целни групи.
(5) Повеќе субјекти од ставот (4) на овој член можат да добијат дозвола за емитување на
програма на една радиофреквенција по принцип на поделба на времето за емитување
(тајмшеринг).
(6) Со исклучок на ставот (4) на овој член, универзитетот како високообразовна установа може
да основа радио како посебна внатрешна организациона единица (студентско радио) без
својство на правно лице.
(7) На, радиодифузери кои обезбедуваат телевизиско емитување исклучиво наменето за
рекламирање и телешопинг, како и за самопромовир��ње, соодветно се применуваат одредбите
од овој закон.
Член 66
Регистар на радиодифузери
(1) Агенцијата води регистар на радиодифузери во Република Македонија, кој особено треба да
содржи:
- фирма и седиште, како и име и презиме на одговорното лице на радиодифузерот,
- име и презиме на одговорниот уредник,
- адреса на уредништвото и адреса на одговорниот уредник,
- начин на емитување на програмскиот сервис (радиофреквенција, дигитален терестријален
мултиплекс, сателит, или јавна електронска комуникациска мрежа),
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents