Член 80 Надоместок за дозвола за телевизиско или радио емитување (1) За дозволата за телевизиско или радио емитување радиодифузерите со исклучок на јавниот радиодифузен сервис, плаќаат годишен надоместок на сметка на Агенцијата согласно со овој закон. (2) Висината на надоместокот за дозволата се определува врз основа на следнава формула: ((Н х БДП / 200.000) х Рт х Кп) + А, каде што: Н - е број на вкупното население во подрачјето предвидено со дозволата, претставено како бодови, според последните податоци од Државниот завод за статистика, БДП - е бруто домашен производ по жител, изразено во евра, а претставено како бодови, според последните податоци од Државниот завод за статистика, Рт - е коефициент каде што за телевизиска програма е Рт=1, а за радиопрограма е Рт=1/4, Кп - е коефициент кој во зависност од форматот на радиодифузниот сервис изнесува за: - програма на трговско радиодифузно друштво што опфаќа информативни, играни, документарни, образовни, програми од областа на културата, уметноста и хуманитарните науки, спортски, музички и забавни програми изнесува од 0,75 до1, - специјализирани програми на трговско радиодифузно друштво чии содржини се од ист вид (спортски, музички, културни, образовни и друго), изнесува од 1,15 до 1,5, - програми на трговско радиодифузно друштво наменети за телешопинг изнесува 2,5 и - за програма на непрофитна радиодифузна установа изнесува 0,25 и А - е константа која изнесува 100 бода за радио и 200 бода за телевизија. (3) Вредноста на еден бод изнесува 1 евро пресметано во денарска противвредност по средниот курс на еврото според Народната банка на Република Македонија на денот на плаќањето. (4) Начинот на пресметувањето, фактурирањето и наплатата на надоместокот за дозволата за телевизиско или радио емитување ги утврдува Агенцијата врз основа на горенаведената формула со подзаконски акт. Висината на надоместокот за дозволата за телевизиско или радио емитување Агенцијата ја соопштува на почетокот на календарската година по добивањето на податоците од Државниот завод за статистика. (5) Годишниот надоместок се плаќа за секоја тековна година почнувајќи од датумот на доделување на дозволата за телевизиско или радио емитување во рок од 30 дена од денот на приемот на фактурата издадена од Агенцијата. (6) Надоместоците што се платени за годината во која на радиодифузерите им е одземена дозволата за телевизиско или радио емитување, односно за годината во која престанала нејзината важност не се враќаат. Член 81 Надоместок за користење на радиофреквенции За користење на радиофреквенциите се плаќа годишен надоместок на сметка на Агенцијата за електронски комуникации согласно со Законот за електронските комуникации.

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents