(4) Правилата за остварување на обврските од овој член се уредуваат со подзаконски акт што го
донесува Агенцијата.
(5) Како отстапување од ставот (1) на овој член јавниот радиодифузен сервис е должен на
најмалку еден телевизиски програмски сервис на македонски јазик да обезбеди не помалку од
60% од вкупно емитуваните програми во текот на годината да бидат европски аудиовизуелни
дела.
(6) Во уделот на европски дела спаѓаат и аудиовизуелни дела од сопствено производство и
македонски аудиовизуелни дела.
(7) Исполнувањето на обврските од ставовите (2) и (5) на овој член од страна на јавниот
радиодифузен сервис се составен дел на годишниот извештај за работа на јавниот радиодифузен
сервис за претходната година.
(8) Обезбедувањето аудио и аудиовизуелни дела од независни продуценти согласно со ставот (2)
на овој член, јавниот радиодифузен сервис го врши согласно со годишната програма за работа на
јавниот радиодифузен сервис за наредната година.
Член 92
Обврски на радиодифузерите за емитување музика и за програми
изворно создадени на македонски јазик или на јазиците на заедниците
во Република Македонија
(1) Радиодифузерите се обврзани дневно да емитуваат најмалку 30% програма изворно
создадена во Република Македонија на македонски јазик или на јазиците на немнозинските
заедници кои живеат во Република Македонија почнувајќи од 2014 година. Од 2015 година
обврската од 30% се зголемува на 40%. Од 2016 година обврската од 40% се зголемува на 50%.
(2) Како отстапување од ставот (1) на овој член јавниот радиодифузен сервис е обврзан дневно
да емитува најмалку 40% програма изворно создадена во Република Македонија на македонски
јазик или на јазиците на немнозинските заедници кои живеат во Република Македонија. Во 2015
година обврската е 50%. Од 2016 година обврската од 50% се зголемува на 60%.
Обезбедувањето на програмскиот сервис на Собранискиот канал се иззема од овие обврски.
(3) Одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член не се однесуваат на програмските сервиси од
специјализиран формат.
(4) Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиски програмски сервис од општ
формат се обврзуваат во текот на неделата да емитуваат најмалку осум часа, a јавниот
радиодифузен сервис најмалку 14 часа, инструментална музика од македонски автори и автори
на етничките заедници кои не се мнозинство во Република Македонија, вокална и/или вокалноинструментална музика на македонски јазик или на јазиците на етничките заедници кои не се
мнозинство во Република Македонија, од која 50% треба да биде забавна инструментална,
вокална и/или вокално-инструментална музика, а 50% народна инструментална, вокална и/или
вокално-инструментална музика, при што е дозволено отстапување од 5% во однос на поделбата
на емитувањето на забавната и народната инструментална, вокална и/или вокалноинструментална музика.
(5) Јавниот радиодифузен сервис е обврзан на најмалку еден телевизиски и еден радио
програмски сервис на македонски јазик и на телевизискиот и радио програмскиот сервис на
јазиците на етничките заедници кои не се во мнозинство во Република Македонија, дневно да
обезбеди најмалку 50% од емитуваната инструментална, вокална и/или вокално-инструментална
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents