(6) Не е дозволено да се емитува рекламирање и телешопинг во верски служби или проповеди.
(7) Не е дозволено да се емитува рекламирање во програмите на непрофитните радиодифузни
установи.
(8) Рекламирањето и телешопингот треба да бидат вметнати во програмите на радиодифузерите
така што нема да се загрозат интегритетот и вредноста на програмата и правата на имателите на
права, а притоа водејќи сметка за природните паузи, за времетраењето и за видот на
програмата.
(9) Телевизиските и кинематографските филмови, освен сериските и документарните филмови,
како и вести може да се прекинат за емитување рекламни и/или телешопинг спотови еднаш за
секој предвиден период од најмалку 30 минути.
Член 100
Времетраење на рекламирање и телешопинг спотовите
(1) Времетраењето на рекламирањето и на телешопинг спотовите во програмите на
радиодифузерите, освен за јавниот радиодифузен сервис, не смее да изнесува повеќе од 12
минути на еден реален час.
(2) Ставот (1) на овој член не се применува на:
- објави на радиодифузерот во врска со неговите сопствени програми и помошни производи
директно изведени од тие програми и објави за спонзорство и пласирање на производи и
- соопштенија од јавен интерес и апели за добротворни цели што радиодифузерите ќе ги
емитуваат бесплатно и ќе ги означат како „бесплатно емитување“.
Член 101
Забрана за учество во реклами и телешопинг на одредени лица
Во рекламите и телешопингот не смеат да бидат прикажувани, визуелно или тонски, лицата кои
редовно презентираат вести и актуелни информативни емисии.
Член 102
Информативни активности на државните тела
Државните органи, органите на државната управа, јавните претпријатија, единиците на
локалната самоуправа, јавните установи и институции како и правните лица со јавни
овластувања, доколку во годишниот буџет имаат предвидено средства за информирање и
запознавање на јавноста со своите услуги или активности се должни истите да ги реализираат на
недискриминаторен, објективен и транспарентен начин во постапка утврдена со Законот за јавни
набавки.
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents