странство на кои учествуваат македонските национални тимови или спортисти, како и помалку застапените спортови, односно спортски настани, - создава и емитува програми од национален интерес наменети за спречување на криминалот, општествено неприфатливото и ризично однесување и промовирање на безбедноста во заедницата, - создава и емитува програми кои се однесуваат на поттикнување на претприемчивоста и економијата, - создава и емитува програми кои се однесуваат на поттикнување на медиумската писменост, - емитува кинематографски играни, документарни и други филмови, - планира, развива, прилагодува, создава и емитува програми наменети за лица со сетилна попреченост, односно лица со оштетен слух и оштетен вид, - создава и емитува програми наменети за информирање на иселениците и на граѓаните на Република Македонија кои не живеат во неа и - обезбеди услови за користење и развој на современи техничко-технолошки стандарди во производството на програмата и да подготви план за премин во дигитална технологија, а особено за премин во телевизија со висока дефиниција. Ч��ен 111 Стандарди и начела При продукција или презентација на програмите, новинарите и уредниците во МРТ, како и лицата кои директно се инволвирани во производството и продукцијата на програмите во МРТ, покрај другото се должни да: - се придржуваат кон начелото на вистинитост, непристрасност и сеопфатноста на информациите, - се придржуваат кон начелото на политичка избалансираност и плурализам на гледишта, - обезбедуваат непристрасни, сеопфатни и важни информации и истите да ги презентираат јасно, недвосмислено и на начин на кој граѓаните ќе имаат можност слободно да го формираат своето мислење, - не застапуваат или фаворизираат ставови или интереси на одредена политичка партија, здружение, личен интерес, религија или идеологија и во програмите еднакво да го уважуваат мислењето и уверувањето на другите, - ја почитуваат приватноста, достоинството, угледот и честа на индивидуата, - се придржуваат кон начелото на уставност и законитост во формирањето на информациите и програмите, вклучувајќи ја забраната за поттикнување на културна, етничка, религиозна, полова, расна, национална или други форми на нетолеранција, - се придржуваат кон начелото на политичка независност и автономија на новинарите, - прават јасна разлика меѓу информација, односно настан и став и - ги почитуваат критериумите за квалитет, стручност, културни вредности и професионална компетентност во смисла на достигнатите национални и европски признати највисоки професионални стандарди и етички принципи за независно новинарство и квалитетна програма. Член 112 Архивирање на аудио и аудиовизуелните дела на МРТ (1) МРТ е должна да обезбеди долгорочно архивирање на аудио и аудиовизуелните дела кои се создаваат или се создале при вршењето на дејноста, како дел од аудиовизуелното богатство на Република Македонија и да обезбеди нивно трајно користење со соодветен квалитет. (2) Аудио и аудиовизуелните дела од ставот (1) на овој член се достапни за јавноста преку плаќање на соодветен надоместок за обезбедување на нивна копија и испорака, по цена базирана на реален трошок.

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents