Член 129
Надлежности на Надзорниот одбор на МРТ
(1) Надзорниот одбор на МРТ ги има следниве надлежности:
- врши надзор над материјално-финансиското работење на МРТ и во случај на утврдена
неправилност му наложува на директорот на МРТ истата да ја отстрани,
- му дава препораки, предлози или мислења на директорот на МРТ за прашања кои се од
финансиска природа,
- ја усвојува годишната сметка на МРТ,
- дава согласност на предлог-статутот на МРТ,
- дава согласност на предлог-финансискиот план на МРТ за наредната година врз основа на
предлог-програмата за работа на МРТ за наредната година,
- дава согласност за склучување на договори за заем или банкарски кредити кои ја надминуваат
вредноста утврдена во Статутот на МРТ,
- дава согласност за отуѓување и располагање со имотот на МРТ кои ја надминуваат вредноста
утврдена во Статутот на МРТ и
- донесува деловник за својата работа.
(2) Надзорниот одбор на МРТ е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето за
согласност од ставот (1) на овој член да се произнесе по однос на истото. Доколку Надзорниот
одбор на МРТ не даде согласност за поднесеното барање за тоа писмено ќе го извести директорот
на МРТ со детално образложение за причините поради кои не е дадена согласноста.
Член 130
Директор и заменик на директорот на МРТ
(1) Директорот на МРТ раководи со работењето на МРТ и ја застапува и претставува МРТ.
(2) Директорот на МРТ има заменик.
(3) За директор и за заменик на директорот на МРТ може да биде избрано лице кое е државјанин
на Република Македонија и кое ќе понуди најквалитетна програма за работа на МРТ.
(4) Директорот и заменикот на директорот на МРТ, покрај условите од ставот (3) на овој член
треба да имаат и високо образование и работно искуство над пет години во областа на
комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата,
економијата или правото.
(5) За директор и за заменик на директорот на МРТ не може да биде избран член на
Програмскиот совет на МРТ и на Надзорниот одбор на МРТ.
(6) Директорот и заменикот на директорот на МРТ ги избира Програмскиот совет на МРТ врз
основа на претходно спроведена постапка на јавен конкурс и поднесена програма за работа на
МРТ за период од три години со можност за повторен последователен избор.
(7) Постапката за избор и разрешување на директорот или заменикот на директорот на МРТ се
утврдува со Статутот на МРТ.
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents