(7) Агенцијата во рок од седум дена од денот на приемот на целосната пријава ќе издаде потврда
за регистрирање на програмскиот пакет на операторот.
(8) Агенцијата е должна во рок од пет работни дена од денот на издавањето на потврдата од
ставот (7) на овој член истата да ја достави до Агенцијата за електронски комуникации.
(9) Агенцијата води регистар на оператори кои реемитуваат програмски пакети и истиот особено
содржи:
- назив и адреса на операторот,
- име и презиме на одговорното лице на операторот,
- програмски пакет, односно листа на програмски сервиси за кои операторот има регулирано
авторски и сродни права за нивно реемитување и
- подрачје на кое операторот ќе ги реемитува програмските сервиси (сервисната зона).
(10) Агенцијата ги објавува на својата веб страница податоците од регистарот од ставот (9) на
овој член.
(11) За промена на податоците наведени во ставот (2) на овој член, операторот е должен да ја
извести Агенцијата во рок од 30 дена по настанатата промена. Доколку се врши промена во
програмскиот пакет, по сопствена иницијатива или врз основа на правосилна судска одлука,
операторот е должен да достави и нова изјава од ставот (4) на овој член. Агенцијата е должна во
рок од три работни дена од денот на приемот на известувањето за промена на програмскиот
пакет за истото да ја извести Агенцијата за електронски комуникации.
(12) Агенцијата е должна во рок од седум дена од денот на приемот на известувањето од ставот
(11) на овој член за извршената промена да ја евидентира промената во регистарот од ставот (9)
на овој член.
(13) Доколку Агенцијата врз основа на извршен програмски надзор согласно со овој закон утврди
дека оператор реемитува програмски сервис кој не е регистриран согласно со овој член,
Агенцијата во рок од седум дена од извршениот програмски надзор ќе донесе решение со кое ќе
му наложи на операторот веднаш да го исклучи реемитувањето на програмскиот сервис. За
донесеното решение Агенцијата ја известува Агенцијата за електронски комуникации и имателот
на авторските и сродните права. Решението за исклучување на програмскиот сервис со детално
образложение, се објавува на веб страницата на Агенцијата во рок од три дена од денот на
неговото донесување.
(14) Агенцијата ќе го избрише операторот кој реемитува програмски сервиси од регистарот од
ставот (9) на овој член, доколку:
- во писмена форма ја извести Агенцијата дека престанал да ја врши дејноста,
- престане да ја извршува дејноста во период подолг од една година,
- не започне да ја врши дејноста од датумот наведен во пријавата, а не ја извести Агенцијата за
промена на истиот,
- со правосилна судска одлука му е забрането вршење на дејност и
- престанал да постои.
(15) Формата и содржината на регистарот од ставот (9) на овој член ги пропишува Агенцијата.
(16) Пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети
и регистрацијата на програмските сервиси во вид на програмски пакети може да се врши и по
електронски пат вклучувајќи ги и сите натамошни дејствија околу промените на истите на начин
кој ќе го пропише Агенцијата.
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents