Член 142
Надоместок за надзор
(1) Оператор кој реемитува програмски сервиси и давателот на аудиовизуелни медиумски услуги
по барање плаќаат годишен надоместок за надзор кој го врши Агенцијата.
(2) Годишниот надоместок од ставот (1) на овој член изнесува 0,5% од вкупниот годишен приход
на операторот кој реемитува програмски сервиси или на давателот на аудиовизуелни медиумски
услуги по барање, остварен со реемитувањето на програмски сервиси или со обезбедувањето на
аудиовизуелни медиумски услуги по барање во текот на претходната календарска година, или
пократок дел од годината кога операторот кој реемитува програмски сервиси или давателот на
аудиовизуелни медиумски услуги по барање почнал да ја обезбедува услугата.
(3) Операторот кој реемитува програмски сервиси и давателот на аудиовизуелни медиумски
услуги по барање се должни најдоцна до 15 март во тековната година до Агенцијата да достави
извештај за износот на вкупниот приход од ставот (2) на овој член.
(4) Операторот кој реемитува програмски сервиси и давателот на аудиовизуелни медиумски
услуги по барање се должни најдоцна до 15 април во тековната година на сметка на Агенцијата
да го платат годишниот надоместок за надзор врз основа на претходно доставениот извештај за
износот на вкупниот приход од ставот (2) на овој член, а по претходно доставено решение и
фактура од страна на Агенцијата.
(5) Доколку кај Агенцијата постои основано сомнение за вистинитоста на остварениот годишен
вкупен приход, има право на трошок на операторот кој реемитува програмски сервиси или на
давателот на аудиовизуелни медиумски услуги по барање да изврши процена на истиот од
страна на надворешен независен ревизор.
(6) Доколку проценетиот вкупен приход отстапува од пријавениот вкупен приход, при наплата на
годишниот надоместок од ставот (2) на овој член, Агенцијата ќе го задолжи операторот ко��
реемитува програмски сервиси или давателот на аудиовизуелни медиумски услуги по барање да
ја плати пресметаната разлика.
Член 143
Обврски на оператор кој реемитува програмски сервиси
(1) Оператор може да ги реемитува програмските сервиси на домашни радиодифузери само во
сервисната зона за која радиодифузерите ја имаат добиено дозволата за обезбедување на
телевизиско или радио емитување и врз основа на регулирани авторски права и сродни права,
согласно со Законот за авторските права и сродните права.
(2) Оператор може да реемитува програмски сервиси на радиодифузери од други држави
согласно со членот 44 од овој закон и врз основа на регулирани авторски права и сродни права,
согласно Законот за авторските права и сродните права.
(3) Оператор кој реемитува програмски сервиси треба да обезбеди програмскиот пакет
задолжително и бесплатно да ги содржи програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис
кои се финансираат од средствата за финансирање на радиоифузната дејност, освен оператор
кој реемитува програмски сервиси преку дигитален терестријален мултиплекс.
(4) Операторот кој реемитува програмски сервиси е должен во претплатничките договори што ги
склучува со своите претплатници да го наведе програмскиот пакет, односно листата на
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents