Стр. 14 - Бр. 251
22 ноември 2022
Огласи
ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ – РАДОВИШ
Врз основа на член 231 ставовите 11, 12, 13, 14, 15
и 16 од Законот за Здравствена заштита („Сл. весник на
РМ“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 61/15,
188/4, 10/15, 132/14, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16,
192/15, 17/16, 37/16, 20/19), и членовите 51, 70, 71, 72
од Законот за користење и располагање со стварите на
Државните органи („Сл. весник на РМ“ бр. 8/05,
150/07, 35/11 и 166/12) Одлуката бр. 02-581/3 од
17.10.2022 година на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом Радовиш и согласноста од Министерството
за здравство бр. 09-6972/1 од 10.11.2022 година, Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари на
ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, објавува
ОГЛАС
ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ПРОСТОР ЗА
ОРДИНАЦИЈА ПО ПЕДИЈАТРИЈА ВО ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ – РАДОВИШ НА НИВО НА ПРИМАРНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
која е содржана Изјава дека ѓи прифаќаат условите од
точка 2, документација од точка 4.1. од овој оглас, на
адреса на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш ул. „Блаже
Коневски“ бр. 1, Радовиш најдоцна до 2.12.2022 година
до 14:00 часот.
3.2. Депозит – право на учество на јавно наддавање
имаат само лицата кои ќе достават доказ уплатница дека на јавното наддавање уплатиле депозит за учество
во јавно наддавање во висина на износот наведен во
колона 3 табела 1 на трезорска сметка на ФЗОМ и тоа:
Банка на примачот: НБРМ, Сметка 100000000066005, сметка на корисник: 6602200032 531 56, приходна шифра и програма 723911 00, со цел на дознака
„депозит за учество на јавно наддавање за закуп на
простор за Ординација по педијатрија“.
3.3. Уплатата извршена спротивно на точка 3.2 се
смета за ненавремена и лицата кои не ја извршиле навремено уплатата и не доставиле пријава согласно со
точка 3.1 немаат право на учество на јавно наддавање.
3.4. Уплатениот паричен депозит од најповолниот
наддавач се смета во закупнината.
1. ЗАКУПОДАВЕЦ ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш
2. ПРЕДМЕТ НА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП
2.1. Предмет на издавање под закуп е Ординација
по педијатрија во ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, со
почетна цена без ДДВ како во колона 3 табела 1.
2.2. Просторот на издавање под закуп –јавно наддавање може да се види секој работен ден од 9:00 до
14:00 часот, со претходна најава и присуство на претставник од Комисијата за спроведување на постапката.
2.3. Услови за давање под закуп:
Просторот на издавање под закуп назначен во точка
2.1 се издаваат под следниве услови:
- Закупецот не може да ја промени дејноста за која
се издава закупот, не може да го издава просторот во
подзакуп и не може да припојува други основачи.
- Трошоците за инвестиции паѓаат на товар на закупецот и кон истите може да се пристапи со претходно
писмено одобрение од ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш.
- Во случај на дефект во просторот издаден под закуп, трошоците за отстранување на дефектот ќе ги сноси закупецот на просторот.
- Закупецот се обврзува плаќањето на закупнината
да биде месечно по добивањето на фактурата од ЈЗУ
Здравствен дом – Радовиш најдоцна до 15-ти наредниот месец за тековниот месец.
- Во случај на згаснување на здравствената установа или неможност за подмирување на закупнината, обврските ги превзема основачот на ПЗУ.
3. ПРАВО НА УЧЕСТВО
3.1. Право на учество на јавно наддавање имаат:
- Физички лица доктори спец. по педијатрија а кои
ги исполнуваат условите пропишани со Законот за
здравствена заштита, да имаат завршено високо образование (VII/1 или VII/2 степен) и да имаат соодветна
лиценца за работа.
- Правни лица, приватни здравствени установи основани и регистрир��ни за вршење на здравствена дејност од соодветна област, кои ќе достават пријава во
ЊЕ
4. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНО НАДДАВА-
4.1. Заинтересираните лица треба да поднесат пријава за учество на јавно наддавање, во рокот утврден во
точка 3.1, во затворен плик со ознака за јавно наддавање за закуп на простор и опрема точка 1-Ординација
по педијатрија во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш. Образецот за пријава може да се подигне во Архивата на
ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш секој работен ден од
8:00 до 14:00 часот.
Со самата пријава заинтересираните лица треба да
достават:
ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
- Доказ за уплата на депозит
- Изјава дека ги прифаќаат условите од точка 2.3 од
Огласот;
- Фотокопија од важечка лична карта /пасош;
- Доказ за завршено образование оригинал или заверено на нотар;
- Лиценца за работа оригинал или заверена на нотар;
- Уредно полномошно за застапување во случај на
учество преку полномошник
ЗА ПРАВНИ ЛИЦА
- Доказ за уплата на депозит;
- Изјава дека ги прифаќаат условите од точка 2.3 од
Огласот;
- Доказ за регистрација за правно лице од Централниот регистар на Република Северна Македонија (не
постар од шест месеци);
- Решение со кое се дава дозвола за почнување со
работа на здравствената установа од Министерството
за здравство на Република Северна Македонија;
- Уредно полномошно за застапување во случај на
учество преку полномошник.
5. ДЕН, ЧАС И МЕСТО НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Усното јавно наддавање ќе се оддржи во просториите на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, со седиште на
ул. „Блаже Коневски“ бр. 1, на 5.12.2022 година во
10:00 часот.
6. ПОСТАПКА ЗА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
6.1. Постапката за јавно наддавање ја споредува Комисијата за располагање со недвижни движни ствари
на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш.На денот на јавното
наддавање, може да учествува само физичко лице односно овластено лице на ПЗУ кои ги исполнува усло-
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents