22 ноември 2022 Бр. 251 - Стр. 45 Огласи II.11) Алтернативни понуди Не II.12) Времетраење на договорот: Период во месеци: 12 II.13) Претходна проверка на пазарот? Не ДЕЛ III: ПОСТАПКА III.1) Вид на постапка: Отворена постапка III.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: Не III.3) Критериум за доделување на договор: Најниска цена III.4) Електронска постапка? Да III.5) Електронска аукција? Да ДЕЛ IV: ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ IV.1) Гаранции и авансно плаќање IV.1.1) Гаранција на понудата: Не IV.1.2) Изјава за сериозност: Да IV.1.3) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Да [10.00%] IV.1.4) Авансно плаќање: Не IV.1.5) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не IV.1.6) Резервирани договори Не IV.1.7) Посета на локација/Преглед на придружна документација: Не IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи - изјава дека во последните 5 години не е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело од член 88 став 1 од ЗЈН - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - Уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор - Документ за регистрирана дејност: За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. IV.2.3) Техничка или професионална способност на економскиот оператор - со листа на главни испораки на стоки или извршени услуги со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување потврда за извршени испораки или извршени услуги: УСЛОВ: - Да има искуство во развој, имплементација и одржување на системи кои се слични со предметната тема, област, обем и функционалност, кај најмалку три корисници во последните три години ДОКАЗ: потребно е економскиот оператор да достави референтна листа на корисници кај кои е извршено испорака, инсталација, конфигурација, давање поддршка на предметната набавка наведена во условот, кај најмалку три корисници во последните три години со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), опис на услуги, со обезбедување потврда за извршени услуги - со опис на техничките услови и мерки кои економскиот оператор ги користи за да обезбеди квалитет како и со опис на своите капацитети за развој и истражување: УСЛОВ: - да го запази континуитетот во функционалноста на предметната набавка (имплементираниот АКМИС систем) со цел непречено работење на судовите на Република Северна Македонија и Судски совет на Република Северна Македонија ДОКАЗ: потребно е економскиот оператор достави изјава со која економскиот оператор се обврзува на запазување на континуитетот во функционалноста на имплементираниот АКМИС систем со цел непречено работење на судовите на Република Северна Македонија и Судски совет на РСМ - со образовните и професионални квалификации на давателот на услуги или на изведувачот на работи или на неговиот менаџерски кадар, под услов тие да не се евалуираат како критериум за избор на најповолна понуда: УСЛОВ: - Да има ангажирано стручни лица за поддршка во областа на предметната набавка кои поседуваат сертификати, за целото времетраење на услугата и тоа: • најмалку две (2) лица да поседуваат некој од следните сертификати: o Сертификат за развој на апликации во Delphi програмски јазик: Certified Delphi Developer o Сертификат за развој на Web базирани апликации: Certificate for Designing and Developing WEBbased application by using Microsoft .NET Framework; Certificate for Programming in HTML5 with java Script and CSS3 o Сертификат за развој на апликации на Cloud: Certified Cloud Professional - најмалку едно (1) лице да поседува некој од сертификатите за дизајн и имплемeнтaција на бази на податоци MS-SQL Server: Certificate for Designing and Implementing Databases with Microsoft SQL Server Enterprise Edition; Certificate for Querying Microsoft SQL Server 2012; Certificate for Designing Business Intelligence Solutions with SQL Server За сертификат с�� прифаќа валиден сертификат, издаден од производителот на опремата, но не и ислушан курс за сертифицирање. ДОКАЗ: потребно е економскиот оператор достави изјава дека има ангажирано стручни лица, со прилог работни биографии (CV) и валидни сертификати за стручноста на ангажираниот кадар од областа на предметната набавка, наведени во условот IV.2.4) Стандарди - Стандарди за системи за квалитет: Најмалку еден од следните валидни сертификати: ISO 9001, ISO 20000, ISO 27001 или еквивалентно, како доказ дека тој е спремен да ги задоволи стандардите за квалитет, професионалност, безбедност, доверливост и управување со податоците

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents