постапка пред надлежните органи за разрешување, распоредување, сменување, или примена на други мерки на одговорност на избрани или именувани лица, службени лица или одговорни лица во јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал. (6) Доколку е пријавено кривично дело против државата, против човечноста и меѓународното право, од областа на организираниот криминал и за кое со Кривичниот законик е пропишана казна затвор од најмалку четири години, чиешто докажување е проследено со несразмерни тешкотии или не може да се изврши без исказ на укажувачот кој поради можната опасност да биде изложен на заплашување, закана со одмазда или опасност по животот, здравјето, слободата, физичкиот интегритет или имот од поголем обем, не се согласува во својство на сведок да даде исказ, институциите со прибавена писмена согласност од укажувачот доставуваат: - до Министерството за внатрешни работи или надлежен јавен обвинител иницијатива за доставување писмено барање за поднесување Предлог за вклучување во Програмата за заштита согласно со Законот за заштита на сведоци или 3Текстот на оваа алинеја и следната алинеја, во кои стои „Предлог“, е идентичен со текстот на член 9, став 6 од основниот Закон, објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 196/2015. - до Јавниот обвинител на Република Македонија иницијатива за поднесување Предлог за вклучување во Програмата за заштита согласно со Законот за заштита на сведоци. Судска заштита Член 10 (1) Укажувачот има право на судска заштита пред надлежен суд согласно со закон. (2) Укажувачот може пред надлежен суд со тужба да побара: - утврдување дека е преземено штетно дејствије или е повредено право заради заштитено пријавување; - забрана на вршење на штетно дејствие или повреда на право заради заштитено пријавување и повторување на штетно дејствие или повреда на право заради заштитено пријавување; - поништување на акт со кое е извршено штетното дејтвие или повреда на право заради заштитено пријавување; - отстранување на последиците од штетно дејствие или повреда на право заради заштитено пријавување; - надоместок на материјална и нематеријална штета заради заштитено пријавување. (3) Постапката по тужбата од ставот (2) на овој член е итна. (4) Во постапката за судска заштита во врска со пријавувањето дозволена е ревизија. Товар на докажувањето Член 11 Во случај на спор за постоење повреда на право на укажувачот и на негово блиско лице заради пријавување, товарот на докажување е на страна на институцијата, односно правното лице кое ги повредило правата на укажувачот и на членовите на неговото семејство. Ништовност на одредби во договори и акти Член 12

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents