(6) Заменикот на директорот на Агенцијата го заменува директорот на Агенцијата во случај кога
тој е отсутен или кога поради болест или други причини не е во можност да ја врши својата
функција, во сите негови надлежности и одговорности во раководењето.
(7) Заменикот на директорот на Агенцијата во соработка со директорот на Агенцијата врши
работи од надлежност на директорот на Агенцијата што тој ќе му ги довери.
(8) Одредбите од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член важат и за заменикот на директорот на
Агенцијата.
Член 20
Надлежност на директорот
(1) Директорот ја организира и раководи со работата на Агенцијата, одговорен е за законитото
работење на Агенцијата и ги има следниве надлежности:
- ја застапува и претставува Агенцијата,
- потпишува договори во име на Агенцијата,
- ги предлага општите акти за работа на Агенцијата,
- го предлага Деловникот за работа на Агенцијата, годишниот извештај за работа и годишната
програма за работа на Агенцијата кои се составен дел на извештајот за работа на Агенцијата од
членот 8 од овој закон,
- го предлага годишниот план за вршење на програмски надзор и Методологијата за вршење на
програмски надзор,
- донесува решенија за прашања од надлежност на Агенцијата,
- издава потврди за регистрација утврдени со овој закон,
- презема мерки во согласност со овој закон во случаите кога е извршена повреда на одредбите
на овој закон или на прописите донесени врз основа на него и условите и обврските од
дозволите,
- предлага мерки за времено ограничување на пренос и прием на аудио или аудиовизуелни
медиумски услуги од други држави на територијата на Република Македонија,
- ги предлага одлуките од надлежност на Советот,
- ги предлага подзаконските акти што се од надлежност на Советот,
- предлага листа на настани од големо значење за јавноста на Република Македонија,
- дава овластувања на други лица во рамките на своите надлежности,
- одлучува за вработувања и распоредување на вработените во стручната служба на Агенцијата
и
- врши и други работи утврдени со овој закон и Деловникот за работа на Агенцијата.
(2) Директорот е должен на Советот да му доставува квартални извештаи за спроведување на
годишната програма за работа на Агенцијата, како и квартални извештаи за преземените мерки
во согласност со овој закон во случаите кога е извршена повреда на одредбите на овој закон или
на прописите донесени врз основа на него и условите и обврските од дозволите.
(3) Мандатот на директорот е седум години.
(4) Ако мандатот на директорот е завршен, а постапката за избор на директор не е завршена,
директорот продолжува да ја врши функцијата се додека не се изврши избор на директор, но не
подолго од шест месеци.
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents