б) аудио или аудиовизуелна комерцијална комуникација.
Услуги кои не претставуваат аудио или аудиовизуелни медиумски услуги се:
а) услуги што, пред сè, се нестопански и што не се во конкуренција со радио или телевизиското
емитување, како што се приватните интернет страници и услуги што се состојат од обезбедување
или дистрибуција на аудиовизуелна содржина создадена од приватни корисници за споделување
и размена во рамките на заедници од интерес;
б) услуга на пренос, односно дистрибуција на програми за кои уредничката одговорност ја имаат
трети лица;
в) каква било форма на приватна комуникација, како што е електронска пошта испратена до
ограничен број примачи и
г) услуги чијашто примарна цел не е обезбедувањето на програми, т.е. каде што секоја
аудиовизуелна содржина е само случајна за услугата и не е нејзина примарна цел како што се:
- интернет страници што содржат аудиовизуелни елементи само на помошен начин, како што се
анимирани графички елементи, куси рекламни спотови или информации поврзани со некој
производ или услуга која не е аудиовизуелна,
- игрите на среќа што вклучуваат паричен влог, вклучително и лотарии, обложување и други
форми на услуги за коцкање,
- онлајн игри,
- пребарувачи,
- електронски верзии на весници и магазини и
- самостојни текстуално базирани услуги;
2. Аудиовизуелна програма е целина од подвижни слики со или без звук, што претставува
посебен елемент во рамките на хронолошкиот редослед на програмите (програмска шема) или од
каталогот со програми утврден од давател на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.
Аудиовизуелни програми се осмислени целини со забавна, образовна или со информативна
функција. Пример за аудиовизуелни програми се играни филмови, спортски настани, комични
серии, документарни емисии, детски програми, телевизиска драма и друго;
3. Аудио или радио програма е музичка и/или говорна содржина што претставува посебен
елемент во рамките на хронолошкиот редослед на програмите (програмска шема). Аудио
програми се осмислени целини од забавен, образовен или информативен вид;
4. Аудиовизуелна медиумска услуга по барање е нелинеарна медиумска услуга која ја
обезбедува давател на аудиовизуелна медиумска услуга по барање и со која се обезбедува
гледање програми во момент одбран од корисникот и на негово лично барање врз основа на
каталог на програми утврден од страна на давателот на аудиовизуелната медиумска услуга по
барање;
5. Аудио или аудиовизуелни комерцијални комуникации се звучни содржини или слики со или
без звук што се направени:
- за директна или индиректна промоција на производите, услугите или имиџот на физичките или
правните лица што вршат економска активност или
- за популаризација на некоја идеја или активност или за постигнување друг ефект.
Тие ја придружуваат или се вклучени во програмата за паричен или за друг надоместок или за
самопромотивни цели на нарачателот. Форми на аудио или аудиовизуелно комерцијални
комуникации меѓу другото се рекламирање, телешопинг, спонзорство и пласирање производи;
6. Давател на аудио или аудиовизуелна медиумска услуга е физичко или правно лице кое врши
дејност на обезбедување на аудио или аудиовизуелна медиумска услуга и има уредничка
одговорност за изборот на аудио или аудиовизуелната содржина и го определува начинот на кои
тие се организирани. Давател на аудио или аудиовизуелна медиумска услуга, во смисла на овој
закон, е радиодифузер или даватаел на аудиовизуелна медиумска услуга по барање. Лице кое
врши само пренос, односно дистрибуција на аудио и/или аудиовизуелни програми за кои
уредничката одговорност ја имаат трети лица, не се смета за давател на аудио или
аудиовизуелна медиумска услуга;