целите од ставот (3) алинеја 1 на овој член или кои претставуваат сериозен и голем ризик дека
тие цели ќе бидат доведени во прашање,
- мерката е пропорционално на целите од ставот (3) алинеја 1 на овој член,
- Агенцијата пред преземањето на мерката, не доведувајќи ги во прашање судските постапки,
вклучувајќи ги претходните постапки и активности преземени во рамките на криминалистичка
истрага, побарала од државите членки под чија надлежност е давателот на медиумски услуги да
преземе мерки кои таа држава членка не ги презела или истите не биле соодветни и
- Агенцијата ја известила Европската комисија и државата членка, како и државата договорничка
на Европската конвенциjа за прекугранична телевизија под чија надлежност е давателот на
медиумски услуги за намерата за преземање на мерки.
(4) Во одредени итни сличаи Агенцијата може да отстапи од условите наведени во ставот (3)
алинеи 4 и 5 на овој член и во тие случаи е должна во што пократок рок да ја извести
Европската комисија и државата членка под чија наделжност е давателот на медиумските услуги
за преземените мерки, или државата потписничка на Европската конвенција за прекугранична
телевизија на Советот на Европа, наведувајќи ги причините поради кои смета дека станува збор
за итен случај.
(5) Агенцијата веднаш ќе ја прекине примената на мерката од ставот (1) на овој член, ако
Европската комисија утврди дека тие не се во согласност со прописите на Европската унија.
Член 46
Јурисдикција
(1) Одредбите од овој закон се применуваат на сите даватели на аудио или аудиовизуелни
медиумски услуги кои се под јурисдикција на Република Македонија.
(2) Под јурисдикција на Република Македонија се оние даватели на аудио или аудиовизуелни
медиумски услуги кои се основани во Република Македонија согласно со ставот (3) на овој член
или оние за кои се применува ставот (4) на овој член.
(3) Давателот на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги се смета дека е основан во
Република Македонија доколку:
- седиштето на давателот на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги се наоѓа во Република
Македонија и уредничките одлуки во врска со аудио или аудиовизуелните медиумски услуги се
донесуваат во Република Македонија,
- седиштето на давателот на аудио или аудиовизуелни медиумските услуги се наоѓа во Република
Македонија, а уредничките одлуки за аудио или аудиовизелните медиумски услуги се донесуваат
во држава членка на Европската унија и значителен дел од работната сила ангажирана на
активности поврзани со аудио или аудиовизуелните медиумски услуги е во Република
Македонија,
- уредувачките одлуки за аудио или аудиовизуелните медиумски услуги се донесуваат во
Република Македонија, а седиштето на давателот на аудио или аудиовизуелни медиумските
услуги се наоѓа во држава членка на Европската унија, но значителен дел од работната сила
ангажирана на активности поврзани со аудио или аудиовизуелните медиумски услуги е во
Република Македонија,
- седиштето на давателот на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги се наоѓа во Република
Македонија, а значителен дел од работната сила ангажирана на активности поврзани со
обезбедување на аудио или аудиовизуелните медиумски услуги е и во Република Македонија и
во друга држава членка на Европската унија,
- значителен дел од работната сила ангажирана на активности поврзани со обезбедување на
аудио или аудиовизуелните медиумски услуги не е во ниту една од државите членки на
Европската унија, но давателот на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги ја започнал
својата дејност во Република Македонија и има стабилна и ефективна врска со економијата на
Република Македонија и
- седиштето на давателот на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги се наоѓа во Република
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents