(2) Знаците за идентификација мора да бидат истакнати континуирано на ��ите програми, односно да се емитуваат најмалку еднаш во текот на еден реален час на радио програмата. (3) Давателите на аудио или аудиовизуелните медиумски услуги можат да ги употребуваат само нивните знаци за идентификација. (4) Давателите на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги се должни за секоја промена на нивните знаци за идентификација да достават примерок од нив до Агенцијата. Член 52 Обврски при обезбедувањето на квизови или други различни облици на наградно учествување Давателот на аудио или аудиовизуелни медиумските услуги при емитување на квизови или други различни облици на наградно учествување на слушателите или гледачите е должен да обезбеди недвосмислено објавување на правилата за тие содржини и за јавно ветената награда, на начин пропишан од страна на Агенцијата. Член 53 Аудиовизуелна комерцијална комуникација (1) Аудиовизуелната комерцијална комуникација мора да биде веднаш препознатлива како таква. (2) Не се дозволени прикриени аудиовизуелни комерцијални комуникации. (3) Аудиовизуелната комерцијална комуникација не смее да користи потсвесни техники. (4) Аудиовизуелните комерцијални комуникации не смеат: - до го доведуваат во прашање почитувањето на човековото достоинство, - да вклучуваат или промовираат каква било дискриминација врз основа на пол, раса, етничка припадност, националност, вера или уверување, инвалидитет, возраст или сексуална ориентација, - да поттикнуваат однесување кое е штетно за здравјето или безбедноста и - да поттикнуваат однесување што значително ја загрозува животната средина. (5) Забранети се аудиовизуелни комерцијални комуникации со кои лажно ќе се претставува природата, карактеристиките, квалитетот или географското потекло на производите, услугите или комерцијалните дејности. (6) За веродостојноста и точноста на тврдењата и податоците во аудиовизуелните комерцијални комуникации е одговорен нивниот нарачател, а за нивната усогласеност со закон одговорниот уредник во давателот на аудиовизуелната медиумска услуга. (7) Не е дозволен каков било облик на аудиовизуелна комерцијална комуникација која промовира дрога, цигари или други производи од тутун, како и алкохол и алкохолни пијалаци , освен вино и пиво. (8) Аудиовизуелните комерцијални комуникации за вино и за пиво не смеат: - конкретно да бидат наменети за малолетници, а особено не смеат да прикажуваат малолетници како ги консумираат, - да го поврзуваат нивното консумирање со подобрена физичка способност или со возење,

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents