Член 55 Пласирање на производи (1) Забрането е пласирањето производи. (2) Како отстапување од ставот (1) на овој член, пласирањето на производи е дозволено во следниве видови на програми: - кинематографски дела, филмови и серии направени за аудиовизуелни медиумски услуги, спортски програми и лесни забавни програми или - во случаи кога за тоа не се плаќа, односно кога бесплатно се обезбедуваат стоки или услуги како што се продукциски реквизити или награди со цел за нивно вклучување во програмата. (3) Отстапувањето од ставот (2) алинеја 1 на овој член не важи за програми за деца. (4) Програмите кои содржат пласирање на производи, нивната содржина, а во случај на телевизиско емитување и нивниот распоред не смее, во ниту еден случај да претрпи влијание што би имало ефект врз одговорноста и уредничката независност на давателот на аудиовизуелните медиумски услуги. (5) Во програмите кои содржат пласирање на производи треба да биде јасно означено дека се работи за програма во која има пласирање на производи. Овие програми мора да бидат соодветно означени на почетокот и на крајот на програмата и при продолжување на програмата по секоја пауза за рекламирање, со цел да се избегне забуна кај гледачите. (6) Програмите кои содржат пласирање на производи не смеат директно да поттикнуваат купување или изнајмување стоки или услуги, особено преку нивно посебно промотивно препорачување. (7) Во програмите кои содржат пласирање на производи не смее да му се придава претерана важност (истакнување или упатување) на производот за кој станува збор. (8) Не е дозволено пласирање на цигари и други производи од тутун и пласирање производи на физички или правни лица чија главна дејност е производство или продавање на цигари и други производи од тутун. (9) Не е дозволено пласирање на медицински производи и медицински третмани што се издаваат само со лекарски рецепт. (10) Одредбите од овој закон со кои се уредува пласирањето на производи ќе се применуваат за програми што ќе бидат произведени по влегувањето во сила на овој закон.

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents