(11) Агенцијата подетално ќе ги пропише форматите на програмските сервиси за телевизиските
или радио радиодифузери.
(12) Програмскиот концепт од ставот (1) на овој член се доставува до Агенцијата во постапката
на доделување на дозвола за телевизиско или радио емитување.
(13) Одредбите од овој член не се однесуваат на јавниот радиодифузен сервис.
V.3.2. Начин и постапка на издавање на дозвола за телевизиско или
радио емитување
Член 68
Дозвола за телевизиско или радио емитување
Дозволата за телевизиско или радио емитување ја доделува Агенцијата за одредено ниво на
гледаност или слушаност (државно, регионално или локално), а имателот на дозволата стекнува
право да го емитува радио или телевизискиот програмски сервис во подрачјето за кое ја добил
дозволата.
Член 69
Начин на доделување на дозвола
(1) За програмскиот сервис на терестријално радио што се емитува преку ограничен ресурс како
што се радиофреквенции или преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс,
дозволата
за
радио
емитување
ја
доделува
Агенцијата
по
пат
на
јавен
конкурс.
(2) За програмскиот сервис на терестријална телевизија доколку се емитува преку ограничен
ресурс може да се емитува само преку преносен капацитет на дигитален терестријален
мултиплекс за кој дозволата за телевизиско емитување ја доделува Агенцијата по пат на јавен
конкурс.
(3) За програмскиот сервис на радио или телевизија што се емитува преку јавна електронска
комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс или преку сателит, Агенцијата без јавен
конкурс доделува дозвола за телевизиско или радио емитување.
(4) Постапката за доделување на дозвола за телевизиско или радио емитување е транспарентна
и се води на начин што обезбедува еднаков, рамноправен и недискриминаторски третман на сите
учесници во постапката.
(5) Агенцијата во соработка со Агенцијата за електронски комуникации, надлежното
министерство, јавниот радиодифузен сервис и Јавното претпријатие Македонска радиодифузија,
а по претходна добиена согланост од Владата на Република Македонија донесува План за намена
и распределба на капацитети на дигитален терестријален мултиплекс на оператор на јавна
електронска комуникациска мрежа кој има обврска за емитување на програмските сервиси на
радиодифузерите. Утврдувањето на намената и распределбата на капацитети се врши имајќи го
предвид исполнувањето на целите утврдени во членот (2) од овој закон.
(6) Планот од ставот (5) на овој член, покрај другото, треба да содржи:
- број на телевизиски програмски сервиси (стандардна/висока дефиниција),
- број на радио програмски сервиси,
- капацитети предвидени за дополнителни услуги, други придружни информации и податоци и
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents