- предвидени капацитети за премин кон емитување на телевизија во висока дефиниција или
други нови технологии.
(7) Планот од ставот (5) на овој член се објавува во “Службен весник на Република Македонија“
и на веб страницата на Агенцијата.
(8) Промената на Планот од ставот (5) на овој член не смее да ги намали параметрите за
квалитетот на емитување на програмските сервиси на радиодифузерите кои во моментот се
емитуваат.
Член 70
Доделување на дозвола за телевизиско или радио емитување по пат на
јавен конкурс
(1) Агенцијата ќе донесе одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за
телевизиско или радио емитување, по службена должност или по прием на писмено барање од
заинтересирана страна, во согласност со Планот за доделување и користење на
радиофреквенциите, Планот за намена и распределба на капацитети на дигитален терестријален
мултиплекс, како и во согласност со студијата од ставот (3) на овој член.
(2) Доколку согласно со Планот за доделување и користење на радиофреквенциите или Планот
з�� намена и распределба на капацитети на дигитален терестријален мултиплекс се утврди дека
нема слободни радиофреквенции, или капацитети, Агенцијата во рок од осум дена од денот на
приемот на барањето од ставот (1) на овој член ќе донесе одлука со која истото ќе го одбие.
(3) Одлуката од ставот (2) на овој член е конечна, а против истата може да се поднесе тужба
пред надлежниот суд во рок од 30 дена од денот на нејзиниот прием.
(4) Доколку согласно со Планот за доделување и користење на радиофреквенциите, или Планот
за намена и распределба на капацитети на дигитален терестријален мултиплекс се утврди дека
има слободни радиофреквенции, или капацитети Агенцијата ќе изработи студија со која ќе ја
утврди оправданоста за објавување на јавен конкурс, а особено од аспект на исполнувањето на
целта на овој закон, како и од аспект на потребите на публиката. За да ги утврди потребите на
публиката за телевизиско или радио емитување во соодветната сервисна зона, како и за видот,
односно форматот на програмските сервиси за кои треба да се објави конкурсот, Агенцијата
може да спроведе јавно истражување.
(5) Доколку студијата од ставот (4) на овој член се изработува заради објавување на јавен
конкурс за доделување на дозвола за телевизиско или радио емитување, по писмено барање од
заинтересирана страна, Агенцијата е должна истата да ја изработи во рок од три месеци од денот
на приемот на барањето и да ја објави на својата веб страница.
(6) Доколку согласно со Планот за доделување и користење на радиофреквенциите или Планот
за намена и распределба на капацитети на дигитален терестријален мултиплекс се утврди дека
има слободни радиофреквенции, или капацитети и доколку со студијата од ставот (4) на овој
член се утврди дека има оправданост за објавување на јавен конкурс, Агенцијата во рок од 15
дена од денот на објавувањето на студијата ќе донесе одлука за објавување на јавен конкурс за
доделување на дозвола за телевизиско или радио емитување.
(7) Доколку со студијата од ставот (4) на овој член се утврди дека нема оправданост за
објавување на јавен конкурс, Агенцијата во рок од осум дена од денот на објавувањето на
студијата ќе донесе одлука со која ќе го одбие барањето од ставот (1) на овој член.
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents