музика изворно создадена во Република Македонија да биде на македонски јазик или на јазикот на етничките заедници кои не се мнозинство. (6) Радиодифузерите се обврзани најмалку половина од обврската за музика утврдена во ставовите (4) и (5) на овој член да го остварат во периодот од 7,00 до 19,00 часот. (7) Правилата за спроведување на обврските од овој член подетално ги пропишува Агенцијата. (8) Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиски програмски сервис од општ формат на државно ниво преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс, се обврзани да произведат и емитуваат најмалку 10 часа домашна документарна програма во перидот од 7,00 до 23,00 часот, најдоцна до 25 ноември во тековната година, a јавниот радиодифузен сервис најмалку 30 часа домашна документарна програма, во перидот од 7,00 до 23,00 часот, најдоцна до 25 ноември во тековната година. (9) Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиски програмски сервис од општ формат на државно ниво преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс, се обврзани да произведуват и емитуваат најмалку 20 часа домашна играна програма во периодот од 7,00 до 23,00 часот, најдоцна до 25 ноември во тековната година, a јавниот радиодифузен сервис најмалку 30 часа домашна играна програма, во периодот од 7,00 до 23,00 часот, најдоцна до 25 ноември во тековната година. (10) Трговските радиодифузни друштва и јавниот радиодифузен сервис за исполнување на обврската за производство утврдена во ставовите (8) и (9) на овој член, имаат право на надоместок за покривање на трошоците во висина од 50% што се исплатува од средствата на буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација, одобрен за таа намена а врз основа на одлуката од членот 92-а на овој закон. (11) Надоместокот од ставот (10) на овој член се исплаќа доколку домашната документарна програма и домашната играна програма ги содржи следните основни критериуми: оригиналност, автентичност и квалитет на содржината на сценариото; - продукциска издржаност на телевизискиот проектот од типот на изводливост на проектот во однос на сценариото, буџетот, сложеноста, планот и термините за снимање и - технологија за продукција кога се работи за домашна играна програма. (12) Структурата на трошоците кои се признаваат за покривање согласно ставот (10) на овој член, како и посебните критериуми од ставот (11) на овој член подетално се утврдуваат со подзаконски акт што го донесува Владата на Република Македонија. (13) Домашната документарна програма од ставот (8) на овој член и домашната играна програма од ставот (9) на овој член се сметаат дека се програми од јавен интерес за Рeпублика Македонија. (14) Радиодифузерите се обврзуваат најмалку половина од процентот од обврските од ставовите (1) и (2) на овој член да го остварат од 7,00 до 19,00 часот. (15) Радио радиодифузерите се обврзани дневно да обезбедат најмалку 40% од емитуваната инструментална, вокална и/или вокално-инструментална музика да биде на македонски јазик или на јазикот на етничките заедници кои не се мнозинство во Република Македонија. Оваа одредба не се однесува за јавниот радиодифузен сервис.

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents